бедотија ж.

бедотија (ж.)

Никој од рајата и не помислуваше да се вади од таа бедотија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Оти, токму од тој ограничен перспективен агол на човековите инстиктивни воени дела, токму од аголот на тие инстиктивно артикулирани настани и ситуации за време на патувањето, низ тие доживувања на јунаците од ова дело, низ резонансите кои ликовите ги рефлектираат без да се свесни за тоа, авторот ќе успее да отслика една цела епопеја на бедотија на Балканските војни...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
РЕВШИН: Јас сум бедотија, јас сум космест, јас сум здодевен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во време на социјална бедотија и борба за гол живот Трпе со своите предиспозиции и образовниот бекграунд беше длабоко закопан во лајна до гуша.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Додека го анализиравме проблемот на беспарицата и излезот од бедотијата налета еден познаник кој седна до нас и ме стаписа со муабетот за женската фонтана.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Гледајќи го својот земски бог погледни малку во бедотијата своја ништожен поданик, нималку вреден жеден за внимание, беспомошен слуга Коленичиш пред тој изрод и крвник во твојата внатрешност сѐ е пусто обезличен дух на обичен смртник со мирис на катран и горчливо чуство
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)