баз (м.)

Го гледам тоа тркало на тие дамнешни сништа полето како го буди врз таа земја сува и дури се вишнее класот и брегот дури листа базјето спокој и очите ги чува.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Станаа тие, облекоа чизми, зедоа лопати и копачи и отидоа на насипот, Фрлаа на процепот камења, дрвја, базје, вреќи со песок и го затинаа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Гледам: сме легнале едно до друго со Никифор, сме се залепиле ко базје во дупката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш мислев дека еднаш веќе сум минувал по таа дива земја со некакви бели и лилави жиличиња што лазат со испреплетување меѓу камења и суви базја и се хранат со сѐ што ќе се допре до нив, тогаш така мислев или можеби мислев дека еднаш ќе минам по таа врвица што ја започнувам со стежната стапалка, но сеедно - веќе бев на грпката на ридот што се спушташе кон нејак поток и видов во далечина на некоја планина расфрлени куќи, не поголеми од тупаница, и видов зад потокот дабов забел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето стануваа чудни, се нишаа, се топеа пред моиве очи и веќе беа базја меѓу тркала и рогови од кои змиесто се извиваа секакви корења и се испретплеткуваа околу сенките да им ја пијат темната крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Забелот, како изделкан од огромна грамада стврдната смола, можеше да крие во себе други еребици што ме исчекуваат со залепени гради за суви тревки и слични на безживотни базја, или криеше жолтоок лисец со мудрост и итрина закопан во некоја грмушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)