асфалтен прид.

асфалтен (прид.)

Но, Ардените од основа ми го изменија тоа мислење. Се движев по безбројните асфалтни патишта и патеки, со кои се поврзани сите населби на Ардените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Разбрав дека се прави нов асфалтен пат од Солун за Турција, кој ќе биде изграден по сите прописи на една меѓународна магистрала.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Радосно се симнуваше по скалите пипајќи ги месинганите глави на гелендерот, радосно ги минуваше асфалтните улици вдишувајќи го мирисот на водата од цистерни, којашто бистра се слеваше во светкавата утринска прашина.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Асвалтниот кружен пат дава можност да се движат многу моторни возила - да речам, има голема фреквенција - па животните и ѕверушинките се плашат. Едноставно - бегаат!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Околу нас луѓето достоинствено ги тротоаризираат своите болести: асфалтна болест, алергија на чисто, провинциски синдром...
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
До селото води убав асфалтен пат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Свртуваме лево. Петстотини метри асфалтен пат до влезот во селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некогашниот тесен и излокан друм што од Долно Папратско водеше за Крчишта, сега е широк асфалтен автомобилски пат и завршува таму, каде некогаш беа гумната.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи