аспра ж.

аспра (ж.)

Летнало детето по неа и тоа ти е. Триста маѓии за една аспра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што нема – нема. Сто илјади аспри од село од триесет куќи, ни имало ни ќе има.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие луѓе не знаеле дека на земјава постои еден цар – падишахот наш – и ниеден од нив, не само што уште не јал ниеден наш грбач, ами до ден денеска не им платил ни аспра на царот и на царштината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Помислите и кажите – заврши кадијата и им го заврте грбот на врзаните, во знак дека ги чека да му кажат ќе платат ли сто илјади аспри или да заповеда да го запалат сејмените селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Немаш аспра во џебот. - Не ќе биде доста една лира?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега, навистина, дотаму одат на свој трошок, но кога ќе стасаат до харачарите, нели и за нив самите си бараат барем по две аспри?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само еден товар содржеше 500.000 аспри!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зашто, со царски ферман управувањето на Охридското езеро му беше предадено на еминот како царски хас, а тој за тоа на царската каса ѝ плаќаше годишно четириесет товари аспри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)