асоцира св. и несв.

асоцира (св. и несв.)

Опколен од сите страни со злато, дијаманти, смарагди, златни султански одори, човек не може да ѝ се противстави на мислата за величината на една многувековна империја, но тоа асоцира и на една тешка судбина на рајата, која ги создавале тие богатства а умирала гладна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Силвана Симоска, универзитетски професор по германски јазик Семантичката единица односно конституентите (лексемите) на глобалната метафора Времето на козите во наративниот модус на книгата на времето на тоталитаризмот (сталинизмот), асоцира на оние луѓе кои преку жртвите кои ќе му подигнат храм на својот духовен и идеолошки водач.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од DEJA MIS произлегува играта со зборови deja amis („Веќе пријатели“), како и играта со зборови за забрана, jamais („никогаш“), каде што и едната и другата асоцираат на инцест.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Некој љубител на номенокарактерологијата може би извлекол определени особини за птичешките луѓе, па Пауновски би го асоцирал на фалбаџиство, а Чавковски на грабеж.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Во која смисла?“, сакав да ја прашам, но знам дека таквото прашање сигурно ќе ѝ зазвучи непристојно. Односно, ќе асоцира на секс.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зборот слобода му ја асоцира Граѓанската војна во Грција.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека ги чекав гостите глетката, ова прекрасно зрение: фонтанчето ме асоцираше токму на македонските состојби кај нас, едно добро вртење во круг.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пожарен личи на пожарникар. А кривинаш асоцира на возач.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Лифтовите во Холокауст центарот се дизајнирани да асоцираат на гасни комори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се разбира немоќниот волк фатен во стапицата на крвожедните ловци би требало да асоцира на судбината на владетелот кој по никаква цена не сака да се оддели од власта, штитејќи ги малите немоќни волчиња, односно народот, според логиката на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата мисла асоцираше на камиевската филозофија на приклештеноста на човекот меѓу егзилот и кралството, природата и историјата, зборот и чувството, видливото и невидливото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беа барани сите глаголи кои асоцираат на акција, во сите можни граматички времиња, со исклучок на глаголот "сум"кој, особено во сегашно време, носеше аура на некаква пасивна, потополно неинтересна, дури и мачна состојба, во секој случај онаква од каква што всушност секој од нив сакаше да излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Мајка ми објаснуваше дека авторот бил инспириран од тешката судбина на децата бегалци и сликал прикази и детали што асоцираат на нивниот мачен живот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Главниот јунак ми асоцираше на Матеј. Неговото име беше Барни.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога Гаврил ни го соопшти неговиот план за патување во Порто Рико, веднаш тоа ми асоцираше на една песна што ја имам слушнато во младоста "ај, ај, ај, јај, Puerto Rico"...
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Зошто патните торби не ме асоцираат на патувања туку на заминувања засекогаш, а никој во мојот живот не заминал, не отпатувал... само побегнал?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Подмладокот на комунистите, клубот на младите литерати (веројатно зборот - "писател" асоцира на сиромаштија и тавански незагреани сопчиња, па комунистите мораа да измислат некој нов збор за овој занает), локалниот стрелачки клуб... во триесет години на неуспешна демократија, со оглед на тоа дека беше во центарот на градот, на зградата ѝ фрлија мерак политичките партии.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Лекарот им објасни дека агресивните напади на Ана ги предизвикува црвената боја. Во очите на Ана таа асоцираше крв.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зборот замок асоцираше на големо богатство при што следуваше повторна реакција.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи