анархист м.

анархист (м.)

А анархист, државен непријател и јатак можеби и не е такво некое чудо заради што ќе ме натепа. Робијаш - чудо големо!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Го убиле, го убиле, тагуваше тој и ја нишаше големата глава. - А се бореше против анархистите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Опасна заблуда“ - мрмори претседателот, - што сте вие? Анархисти? Или обични разбојници...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ЈАКОВ: Каква улога играат годините? Јас сум измислен. Го знаев и Бакуњин, анархистот. Пет месеци лежеше врзан на ѕид со синџири во Швајцарија. Потоа уште седум години во Сибир.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Чиста буржоаска пропаганда. Козји анархист.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Имаа пророчки особини, беа добри реформисти, имаа своја сопствена дисциплина, и беа анархисти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во таа улица, во една куќа, се забарикадираа анархисти: во акцијата мораше да стапи и војската, бидејќи полицијата беше беспомошна.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со оглед на силните плуралистички, ако не и анархистички, елементи на Деридините учења, може да се чини одвишно да се тврди дека тој исто така е еден универзалист.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тоа време гравитиравме околу Галерија 7 - која беше главно собиралиште на сите анархисти, параноици, SF-фрикови, луди поети, софистицирани криминалци, дегенерирани академци, филозофични еснафи, локални мутанти, несфатени педери и лезбејки, дрогераши, идни министри, префинети заводнички, евтини проститутки, агенти на CIA, опозициони заговорници, шизофрени мистици, подздебелени циници, фантомизирани кавгаџии, трговци на ситно, дилери со дрога, забегани научници, еротизирани тинејџерки, егоцентрични рокери и турбулентни панкери, кодоши на Удба, просјаци и по некоја заскитана кокошка од соседниот двор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 24
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
* Ако се суди според Уставот и Програмата, не би можело да се рече дека МТРК стоел на „класични" анархистички позиции.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие носат ’револуционерен жиг’ или, како што тоа денес го велиме, тие се анархисти.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ја очекува слободата од интервенцијата на Европа, сфаќаа, значи, дека револуционерна Македонија нема сили да се расправи сама со Турската империја, и сепак веруваа дека европската интервенција ќе се предизвика полесно и побрзо преку терор против истите Европејци, преку една борба која по својата природа буди кај Европеецот одвратност и која, третирана како ’анархистичка’ беше погодна за најпакосна за македонските борци експлоатација од страна на непријателите“212.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа е тематски парк на кој за ужасот на масовното уништување, на потполното исчезнување, на геноцидното согорување, на холокаустот на припадници на цели социјални групи: Евреи, припадници на речиси сите словенски нации, Роми, Синти, хомосекусалци, комунисти, анархисти, јеховини сведоци, слободни ѕидари...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поради тоа би можеле да нѐ наречат идеалисти, макар што некои велат дека сум бил роден анархист.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)