амин (изв.)

Со нив моли се за нас, преподобен учител, што го прочитуваме твоето преславно успение во славата на Пресвета Троица, Таткото и Синот и Пресветиот Дух, сега и секогаш и во сите векови, АМИН!
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
ЕФКА: Амин! Ајде, баци им рака на свекорот и свекрвата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Амин! Господ да ти ја чуе молитвата.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ВАСИЛКА: Амин, господи! Од устата твоја во божјите уши!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И така со „добро утро" со „живот со здравје", со „аирлија, амин", си дојдоа каде „Волча жила".
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И Доста за цело време ги слушаше благословите и одговараше: „амин, амин, мили мајчички, мили сестрички, чул ве господ".
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Сал понекои грешки и по смртта нејќат ко на секои умрени да им речеш амин...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И да вели амин И мајка ти потоа да стане И да ја принесе првата чинија узреани черешни Од вашиот двор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Некој само за себе се моли, некој и за здрави и за болни и за умрени се моли. „Господе помилуј и амин господе!“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Децата ги одврзуваа шамивчињата од крстовите што ги носеа, а попот пееше: - Благословен бог наш всегда њиње и присно и во веки векови, Амин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Врват луѓе, нѐ гледаат, се пресмеваат. - Аирлија, велат луѓето. - Амин, вели Јон, бериме сливи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеби некогаш одамна и било така, признава тој, додавајќи амандман на нејзиното амин, но тоа е друга приказна: онаа во која терминалниот пар долготрајни љубовници доаѓаат во хотелот кого што мрачно го нарекуваат Последно одмориште.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На челото е умот (Отецот), значи, со здрав разум, во срцето е црквата, домот на Синот, значи со здраво, чисто срце, десното рамо е силата (Светиот Дух), значи, со цврсти раменици, тој да ни ги крепи рамениците, да бидеме исправени, зашто рамениците ни го крепат целото тело, и на левото рамо кажуваш Амин, нека биде така!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Испрати тајно свои преставници во СССР со амин на Брежњев, да им ги пренесат тајните на мумификацијата на Ленин и Сталин.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во времето кога и обајцата беа на маргините на новата држава, во која бавно и тешко фаќаа корен научните, образовните и културните институции, обајцата нескротливи идеалисти, но надарени со длабока и изворна хуманост, која ретко се сретнува во тие времиња, пресечени во залетот од бирократизираните и кариеристички ориентирани млади кадри, со партиски амин, тие си ја доградуваа нивната нова среќна балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прекина. Воздивна и од неговото засипнато грло тешко се откина зборот „Амин”.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Господе, ако постоиш, чувај не од најлошото и стори полни да ни се ранците со леб и топли чорапи да ни греат нозе, цокули дај ни здрави за да не газиме на босо, панталони и топли шинели стори да имаме сите, маршеви по студено и врнежливо нека нема, од бој да се враќаме неповредени, куршум да не не фаќа и лесни да ни се пушките и стори, Господе, што повеќе топол граф да има барем и со малку мевце, комесарот нека не вика и стори кодошите да ослепат, да оглуват и онемат... Амин...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Дедо прекина и ете, вака, трипати, прекрстувајќи се, почна да чита, влечејќи го прстот под секој збор: Царју, утешитељу, душе истини, иже вјездје сиј и всија исполњен сокровишче благих и жизни податељу, приијди и вселисја в ни, и очисти ни о всјакија скверни и спаси, блаже, души наши. Амин...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи