амбалажа ж.

амбалажа (ж.)

Да му се понуди на еден идеолошки систем од комунистичка провиниенција кој за своја херојска историја го подразбира својот антифашистички ангажман - имиџ на симболот на “фашистичкото, то ест нацистичкото зло” завиткано во уметничка амбалажа беше суптилно испитување на можностите за слободно користење на извесни културни сегменти претходно цензурирани и забранувани, но и барометер кој покажа дека режимот за кој генерации и генерации југословени мислеа дека никогаш нема да замине од политичката сцена веќе беше на почетокот на својот крај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сѐ тече - сѐ се менува... повторуваше во себе гледајќи во матните води што влечеа фрлена амбалажа и друга нечистотија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Потоа Геро го доискапи бинлакот до последната капка вино и екипата одеднаш клапна околу изгаснатото огниште, околу кое немаше ни ковче од речните пастрмки, а плетената амбалажа од црковното или селското вино се тркалаше по удолницата како празна кошница пред некој да ја прибере за пазар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така настана некој производ што се пакуваше во истата пластична амбалажа само во проѕирна варијанта.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Картони, пластични шишиња и тетрапак амбалажа поминуваа пред куќата на Павле како во некој нем филм со еколошка тематика.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Извади таа некои цигари со тигреста амбалажа и тетеравејќи се во тесниот фустан, седна до мене да ми објаснува дека ги купила од бит-пазар без маркица.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)