аматер м.

аматер (м.)

Во овој научен свет на астрофизичари се среќаваат обични луѓе, срдечни, гостољубиви и готови да раскажуваат и да се одделат за некое време од здодевните бројки и анализи па новодојдениот љубопитен аматер, каков што бев јас, да го запознаат со тајните на космосот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Разбрав дека тој бил сликар - аматер.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
18. Дали навистина постоела онаа самовилска атмосфера на играта, со прекрасните андрогени играчи, потполно предадени на мигот, додека волшебниот прав се истура врз главите на збунетите дворјани, аматери, воајери што ѕиркаат од страните, залудени од фантазмите на магијата и метаморфозата?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кај Михаил Ларионив постоеше наклонетост кон детската уметност, но само како еден дел од неговиот поширок интерес за природни, примитивни, често вродени извори на инспирација, вид­ливи кај руската фолклорна уметност, сликарите аматери или таканаречени „лубок” цртежи (популарен вид на анонимни, најчесто посветени на нешто, насликани блокови од дрво).
„Маргина бр. 21“ (1995)
Одвај беше важно дали е агент на Полицијата на мислите, или само шпион - аматер поттикнат од прилежност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Тешко може да се каже изучување“, рече. „Јас сум само аматер. Тоа не е моја работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секогаш жените, а пред сѐ младите жени, беа најфанатичните следбеници на Партијата, голтачи на слогани, шпиони - аматери и трагачи по неисправното.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи