аларм (м.)

Треба да се ѕвони за аларм. Црн човек, кобра, гавран.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа вечер ни дадоа и добра храна и нѐ пуштија порано да си легнеме. На полноќ аларм!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Публиката беше како хипнотизирана - кога некој клинец палејќи цигара случајно го активираше противпожарниот аларм, никој не се ни помрдна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тој момент затреперува сигналната ламба во специјалното засолниште. Аларм!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Играчката може да е нов хемиски спреј за отстранување на дамки од вино од вашиот ќилим, или заштитен аларм од крадци чии сензори можат да откријат движење на глувче.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не стигнав да повикам на аларм.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секогаш се будам пред да заѕвони алармот за да ја изгушкам и да се погалиме.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)