активен прид.

активен (прид.)

Тој беше сѐ уште во Софија кога почна организирањето на оваа дружина, па не е чудно што толку активно се вклучи и во организирањето на Ученичкото друштво „Вардар“ во Белград (1893).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Коста Шуменковиќ од Охридско навистина беше едно од најактивните орудија на големосрпската пропаганда во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Стамболов е активен учесник во присоединувањето на Источна Румелија (против волјата на Русија), успешно ја заврши и Српско-бугарската војна (1885), но за нас е важно дека беше и еден од главните идеолози и организатори на комитетите „Единство” што суштествено придонесоа за разгромувањето на Кресненското македонско востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше убеден дека волците не се во состојба да му нанесат зло, освен ако се решат со денови да го држат во опсада, во што не веруваше, и најпаметно решение би било да седи затворен во колибата и да чека да помине ноќта, но нешто во него се креваше и го тераше да се стави во активна борба со волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Афективните и евокативните квалитети на изразот се активни и во јазикот на книжевното дело исто онолку колку и во живиот говор.“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И постојано гледаат во дувалото. Дувалото е остаток од некогашен кратер, од некогашен вулкан кој во своето време бил активен, но се смирил, згаснал и создал околу себе плодно земјиште кое обилно раѓа сѐ.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Играта навестува постоење на еден друг свет во кој формата, бојата има своја активна мелодија.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Потпис: Генерал Маркос. ,Противудар е активно дејство на оперативните единици од одбраната, а се изведува со цел да се уништат проредените непријателски сили за враќање на загубените позиции.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сонот е активен учесник во психичкиот развој.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од двата европски модели за нацијата, Третиот свет во најголем број случаи го усвои оној полошиот и тоа со активен благослов на учените луѓе од Запад. (...) Имено, токму во моментот кога на другиот човек му се враќа неговата култура, му се одзема слободата: неговото сопствено име исчезнува во име на неговата заедница; отсега тој е само примерок, безличен претставник на еден посебен вид суштества.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако можат да бираат, ќе бидат активни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Енигматичното, на прв поглед, прашање, зошто во втората етапа на Хичкок преовладува женската нота, се разјаснува ако се помести во соодветен контекст: вистинскиот слом на протестантската етика ја афирмира жената како активна индивидуа (што во литературата и на филмот во четириесеттите години произведе низа од типизирани ликови: „успешна деловна жена”, good bad girl, злокобната femme fatale и т.н.) - уште повеќе е показател на фактот, во колкава мера автономниот индивидуум на протестантската етика бил ексклузивно машки. 38 Margina #21 [1995] | okno.mk
„Маргина бр. 21“ (1995)
Бев дури и книжар. Бев мошне активен. Таков сум.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тогаш бев мошне активен. О, ла, ла!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Уметникот е всушност целата евидентна историја на свесното постоење, тој е целокупната археологија на цивилизацијата, тој е активен симулатор на времињата и настаните и конечно кловн и шут во сопственото време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но, забележете дека почетната точка на научното објаснување беше потполно неочекуваното и навидум неверојатното согледување дека со спојување на два прилично активни гаса можеме да формираме течност и тоа таква течност чии особини радикално се разликуваат од својствата на нејзините составни делови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кејџовото влијание на Њујоршката сцена во педесетите години во која се разви уметноста на хепенингот, неговата активна улога во движењето Флуксус, долгогодишната соработка со Марс Канингем и неговиот балетски театар, се различните правци во истражувањето кои сведочат за ширењето и еластичноста на неговите обиди.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Киселинскиот тест не кажува ништо за точниот состав на таблети­те, што содржат или колку активна состојка имаат во себе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кај нас е забележлив извесен подем во културната сфера: поголем број активни луѓе, различни типови мислења...
„Маргина бр. 36“ (1997)
Понекогаш разговараа, исто така, да се ангажираат во активен отпор против Партијата, но немаа претстава како да го направат првиот чекор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК