агенс м.

агенс (м.)

Важен агенс во повторното соединување на пациентот, во овозможувањето парченцата повторно да се сретнат и да се стопат во едно, е љубовта на психијатарот, љубов којашто го признава целокупното битие на пациентот, и го прифаќа без ограничувања.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Уметникот е агенс, а мудрецот катализатор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не можев да разберам дали тоа беше поривот на индивидуалната амбиција или нешто длабоко, необјасниво во мене, сигурно предизвикано од надворешни агенси што ми ја обновуваше потребата од постојано докажување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дипломатијата добиваше нови репери од националистичките агенси. Тоа се насетуваше на сите страни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)