автомобил м.

автомобил (м.)

Гангстерите таму од дома ги земаат богатите со автомобил и, ако не им дадеш колку ќе ти преценат, ќе им ги земат главите.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А во Америка автомобили со илјади, та, севезден ќе гледаш по чаршија човечка пастрма.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А насреде, се палеа и гаснеа како автомобилски фарови, две големи очи. ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се повлековме од широчината. Знаевеме дека гостољубивото преноќиште на стариот автомобил ќе има нов мраколик гостин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш од автомобилот се појави разбушавената глава на Баждара, црна, зла, со модри пламеничиња во пропаднатите очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А сега каде? праша Петко. - Јас ќе спијам во автомобилот, рече Пенчо; посрамено гледаше во своите боси нозе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Автомобилската несреќа ја видоа десетина луѓе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не, не се. Тоа се автомобилски фарови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А кога сепак дождот ја разби летната спарина, остана на улицата крикот на оној во црниот автомобил: „Јас морав, разбирате ли? Морав така...“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Далеку удираа ситни, брзи ѕвона, виеја тешки автомобилски мотори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во еден град на Германија се случи автомобилска несреќа: добро зачуван мерцедес остави зад себе на крстопатот прегазен американски војник.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од далечина се закануваше автомобилски мотор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дали добро јуреше автомобилот - не знаеше, бесен и луто напрегнат само ги чувствуваше од обете страни оловните колкови на болничарите и полудуваше од смислени одмазди за овој жиг отпечатен врз неговото чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стиснат помеѓу две тешки тела во затворениот автомобил, удираше со голото теме во нискиот метален покрив и прегласно пцуеше - платеници и стаорци, ќе ми паднете проклети в раце и ќе ги проколнувате имињата на сите крави што ве доеле, а тие, свечени и исправени, седеа крај него бес глас во челустите како да се на нечиј погреб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Автомобилот појури по неосветлените уште улици на градот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На крајот се покажа и црвениот пожарникарски автомобил. Тој запре токму пред Митковата куќа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
НЕДА: Ти се молам, престани. (Надвор се слуша автомобилска сирена.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Се извинувам. Жалам, господин Христов, но автомобилот не може повеќе да чека. И самите знаете...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тишината ја нарушува шум од автомобилот, кој запира пред куќата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога дојдоа до улицата, застанаа, погледнаа налево и надесно и бидејќи не се гледаше ниту еден автомобил, велосипед или некоја кола, се стрчаа на другата страна.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи