автомат (м.)

Учениците, што дошле пред мене, знаеја веќе многу: една ноќ пред тоа некој го украл автоматот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- И продолжив гласно да ме чуе и Ана: - Ти си крадец, го дигна и зелениот автомат, и вазата од куќата на докторот, и -сѐ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но како го однесол зелениот автомат толку далеку?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еден од макроите, стопанин на ова бело робје, на овие сексуални автомати што им носат печалба, се најде во близина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со вперен автомат пред нив се испречува Германец.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А тие со автоматите го собираа лебот во вреќи и го товарија на коњите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Не зедоа како големи, ама таму, во Преспа, кога излеговме така убави униформи, сѐ во ново, море и чевли, и чорапи, та и кошули и ремени и автомати ганц, знаете, со строев чекор, по четворица, само правот – пуф, пуф под нашите нозе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Каде е Ариф, викаме и им ги држиме автоматите зад тилот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пушки, пиштоли, автомати, митралези. Ганц германско и италијанско оружје.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Складираме пушки, митралези, автомати, пиштоли, муниција, сѐ ...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наведуваме шест главни можности: Легализација на помалку опасните дроги. - Откажување од кривичното гонење наместо потполна легализација. - Издавање дрога на лекарска рецепта. - Продавање дрога во државните продавници, како што во некои земји се продава алкохол. -Продавање дрога во приватни продавници, со извесни ограничувања како што се забраните за продажба на малолетници и продажбата со помош на автомати. - Дозвола за продажба без какво и да е ограничување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оживеани ликови, автомати и роботи имало и во античкиот источен свет и во Грција.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Рудолф II, имено, како што веќе рековме, собирал секакви чуда: огромни црви, џуџиња, џинови, шкорпии, сијамски близнаци, чудесни камења, магични направи, лавиринти, музички автомати, часовници, фосилизирани билки и животни, оптички инструменти, огледала од сите видови, куриозитети од Индија, Кина, Перу...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Извештаченоста е онаа чудна состојба на душата во која свеста штотуку прогледува, како што тоа го кажува Гомбрович, увидувајќи го лицемерството на својата состојба, и кое се состои во создавањето на еден вештачки двојник, во правењето еден вештачки автомат на својата сопствена суштина, што значи во понадворешнувањето на себеси како друг, со милоста на знаците.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од кој било агол да се погледнеше постерот, отворот на цевката од автоматот, зголемен поради скратената перспектива, изгледаше како да е вперен во посматрачот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откри дека додека седел задлабочен во беспомошното размислување тој исто така пишувал како автомат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ улицата бавно минуваше долга колона камиони, со стражари со безизразни лица, вооружени со автомати и исправени во секој агол.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бланш, изолирана од просторот каде што беа сместени таблите со концентрични кругови, џубоксот, машините за играње со топчиња и автоматот за цигари - можеше да служи оброци по поволна цена и едновремено да води и профитабилен бизнис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пушки, митралези, автомати, рачни гранати беа складирани во еден тунел и чекаа и во нивното чекање ние растевме и учевме војна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие имаа вистински пушки, автомати и митралези, а ние во исто време на рамо носевме стапови и изделкани колци и ластагарки што личеа на пушки и игравме војна во која растевме и мислевме и ноќе сонувавме само победнички бој.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи