авион м.

авион (м.)

На свијоците ги шири крилјата како авион, скока и креска колку што му држи гласот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зоки Поки има многу играчки: и моторен воз, и авион, и лимузини, и велосипеди, и трактор, и дигалка, и топки, и труби.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тоа беше смртоносната авионска партизанска тројка, која крстосуваше над друмовите каде што врвеа германски колони.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ова е ловечки авион. Има само едно седиште ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тие се впуштија кон авионот, го разгледаа внимателно и заинтересирано, а потоа почнаа дел по дел да го носат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ѕирнав од прозорецот што го нацртав на авионот и видов под мене, долу - слонови, лавови, зебри, жирафи, антилопи, носорози. Беа мали како желки.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ненадејно, откај Мокра Планина, се појавија три ловечки авиони.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Партизанот што стоеше до него, преведе: - Другар командант, јавуваат од Бари* дека авионите тргнале!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Весниците соопштуваат: „Малите дипломати со авиони патуваат.“ Дипломатите војните ги забрануваат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Преку небото лета авион. Зад него останува бела трага.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ама чудно! - ја врти главата Гошко и гледа во белата трага останата од авионот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Кога јас бев дете немаше авиони.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Секој жител на Кралупи раскажува и за тажната историја на овој град - за неговото наполно разурнување од англоамериканските авиони во март 1944 година, кои го бомбардирале поради големите резерви бензин и други нафтени деривати, кои на ова место ги складирале Германците. Таков е Кралупи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еден француски авион ги надлетува окопите бугарски и исфрла ракети. Ни кажува кај се.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Лани на Грамос, откако одлетуваа авионите, од своите карпи полетуваа орлите. Со писок или со пискливо лаење, да, тие кога пискаат чиниш лаат, се довикуваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од авиони, пушки и митралези премногу бевме преплашени во нашето место за да можеме да го издржиме и тоа од филмот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога после, при крајот на војната, српските војски, здружени со француските, се обидоа да ги прогонат, тие цело лето, целата есен и целата таа зима куртулуваа од пешадиските, артилериските и авионските напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нишански домет: 5000 метри. Успешно дејство до 400 метри. За групни цели до 1000 метри. Авиони до 5000 метри. Борбена брзина на гаѓање: 10 куршуми во минута.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тогаш небото поцрне, да не се гледа од авиони.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Над нас вртат некои црни пилишта, гавраништа, останати сенки од авионите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи