авантура ж.

авантура (ж.)

Ако е така, тогаш што се бара од македонската интелигенција за да се олеснат несреќите на Македонците од сегашната несреќна авантура?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се сети на кикотливата русалка со топли бутини и се покаја што влезе во црната авантура.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Овој развој, поврзан со оној на етнологијата и на историјата на писмото, нѐ учи дека фонетското писмо, средиштето на големата метафизичка, научна, техничка, економска авантура на Западот, е ограничено во времето и просторот, самото се ограничува токму во оној миг во кој својот закон им го наметнува на културните полиња, единствените кои сѐ уште му се измолкнуваат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа технолошка авантура беше лична мисија.
„Маргина бр. 21“ (1995)
„Оттогаш, поетскиот јазик навлегува во секаков вид авантури.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тргнавме во авантури како што се трга во манастир.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Натаму, демаскирањето на идеологијата од страна на авторот е на преден план, во однос на личната авантура и трауматизмите кои следуваат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така, обземен од мајкините и татковите завети, синот се препушта во невидена авантура во непријателски настроената родна земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Утринската авантура на авторот одеше кон својот крај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За волја на вистината, тоа беше Струмица од којашто на авторот „срцето му се раскажуваше“ поради љубовната авантура со една „азган“ распуштеница со која соголените задници им беа направени касапана од лутите летни комарци некаде на ледините таму каде што сега во Скопје се наоѓа населбата Аеродром.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Впрочем, авторот не ја излажа. Иако, потоа, се виѓаваа ретко, кога тој ќе навратеше во Битола или кога таа ќе дојдеше во Скопје, сепак битолската перјана авантура на авторот траеше прилично долго време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ете, тоа е причината, пред да се впуштиме во спомнатата авантура со прашања, брзо брзо да го симниме погледот пред нашите нозе и да продолжиме да чекориме по порано одредената патека; дури и ќе го забрзаме чекорот исплашени дека секое подзастанување или одвишно шетање со погледот може да биде погрешно протолкувано па дури и осудено од недобронамерните сограѓани.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури бев пресметал во себеси дека зајменото ќе можеме да го вратиме за месец или најдоцна за два, а самиот настан го бев сместил помеѓу оние мали авантури што барем до случајот со столовите немав храброст да ги престорувам живот но затоа пак постојано ги смислував и ги оставав слободно да шетаат низ мојата фантазија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
В ред, в ред, можеби присутните во оние произволни тврдења на Николина Кралева што беа изнесени во форма на неуверливи претпоставки можеби согледале вина и грдо однесување од страна на мојата по малку чудна личност божем наклонета кон тривијалности и недолично однесување; можеби им биле прифатли и такахаречените љубовни авантури со несоответни личности (ова обвинување всушност ми годеше иако спаѓаше во оние таканаречени голи измислици со оглед на моето сиромашно љубовно искуство кое во тој период сè уште беше сместено во одделот желби и соништа) итн.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Посака да ѝ кренеш паметник на твојата љубовна авантура со онаа Стојна ли, Стојка ли? - за момент ми се причини дека се обидува да ме исмее Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но само откако ја прочитав книгата јас ја погледнав последната страница од корицата во која се прецизираше дека оваа извонредна авантура се случувала во Скопје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И каква невообичаена авантура да се препушти на преведување со двајца вооружени полицајци пред вратата на неговата резиденција!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не постојат јагули што не поминале низ утробата на песна (карпине од западниве планини поминуваат само низ бакарен залез) Инаку што ќе претставуваа свирепите беспоштедни талкања и авантури на јагулите по студените води високо високо (низ каменото планинско грло), кајшто рожбите на тајните ги убиваат сестрите тајни.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Краткоденицата е иницијација во надземните обичаи во паганските култови на огнот и водата во либидото и авантурата.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи