Палестина име.

Палестина (име.)

Освен во случаите на народите како што се Палестинците, Јужноафриканските црнци, Порториканците или Курдите, национализмот е во целост негативна сила бидејќи тој поттикнува политика на војни и ксенофобија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Палестинците се „незгода” за Блискиот исток, а тие најголема важност му даваат на територијалното прашање.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во Палестина, во земјата на предците, во Erecz Israel9. O, Hashano10!  Па сепак, Нина знаеше дека отсега натаму татко ѝ ќе бдее, ќе снове низ куќата како првата вечер од заминувањето на децата, дека Моше, веќе, сон нема да го фати.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пред неговите очи дефилираат потомците на генералот Селевк, еден од наследниците на Александар, митскиот цар на Македонците и на Грците кој завладеа со сиот дотогаш познат свет, според тоа и со Палестина и чии потомци, еден од кои е и Селевк почнуваат да ги хеленизираат и Евреите, особено дел од еврејската аристократија, забранувајќи ги нивните верски обичаи, внесувајќи го меѓу нив грчкиот јазик, а во Храмот на единствениот Бог, нивните пагански многубожечки симболи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ми зборуваше дека никогаш нема да ја заборават улогата на Тито, на Југославија, во поддршката на Палестина во најтешките моменти од својата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Конечно и Арафат мислеше дека со Пегаз ќе стаса во небеска Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сметаше за историчар во стихови на својата Палестина, ги беше поместил во зборови соништата на Палестинската држава и беше еден од ковачите на нејзиниот идентитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа просто се гадеше од самото име Македонија исто како Евреин шо се гади од Палестинец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Татко често размислуваше за сложениот еврејски идентитет создаван најмногу во меандрите на егзилот, почнувајќи, според Стариот завет, од нивниот егзодус од Египет до нивната Ветена земја, од егзодот од Палестина, преку ропството под Римската Империја, прогонството од Шпанија, за централниот хебрејски јазик, но и за двата признати јазици на дијаспората јидиш на северните Ашкенази и јудеошпанскиот на јужните Сефарди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)