фаренхајт

мн. фаренхајти
Вид збор: Именка, машки род
единица за мерење температура (симбол: °F)
Латински: °F Англиски: fahrenheit
Употреба: Физика
Примери:
На Фаренхајтовата скала, замрзнувањето на водата се дефинира како 32 степени, додека пак, вриењето, се одвива на 212 степени.