Црковен термин - категорија

ѓак повеќе

мн. ѓаци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се подготвува да се замонаши во манастир.
Англиски: novice

ѓакон повеќе

мн. ѓакони
Вид збор: Именка, машки род
Свештено лице што му помага на свештеникот (или епископот) при богослужба. Припадник на најнискиот од трите чина во црковната хиерархија.
Англиски: minister

ѓаконик повеќе

мн. ѓаконици
Вид збор: Именка, машки род
Просторија покрај олтарот или вдлабнатина во олтарот што служи за чување црковни предмети за кои обично се грижи ѓаконот.

ѓаконство повеќе

(едн.) ѓаконството
Вид збор: Именка, среден род
Ѓаконска должност, служба.

ѓаконува повеќе

ѓаконуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши должност на ѓакон.

ѓаче повеќе

мн. ѓачиња
Вид збор: Именка, среден род
Дете што му помага на свештеникот за време на големите празници при богослужбата.

Ѓурѓовден повеќе

Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Христијански и народен празник посветен на св. Ѓорѓи, кој паѓа на 6 мај (23 април по стариот календар), за кој се врзани многу народни обичаи.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч