Црковен термин - категорија

сакрамент повеќе

мн. сакраменти
Вид збор: Именка, машки род
Верски обред по кој се добива милост божја - крштевање, исповест, причест и сл.
Англиски: sacrament

сакристија повеќе

мн. сакристии
Вид збор: Именка, женски род
Просторија, дел од црква каде што се чуваат предметите што се употребуваат при обредите.
Англиски: vestry

светен повеќе

светени
Вид збор: Придавка
Над кој е извршен црковен обред за осветување, осветен.
Англиски: holy
Примери:
Светена вода.

светење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Осветување со обреди и молитви.
Албански: shenjtërim
Примери:
Светење масло.

светец повеќе

мн. светци
Вид збор: Именка, машки род
Човек прогласен од црквата за свет.
Англиски: saint Албански: i shenjtë
Примери:
Животот на светците.

светечки повеќе

светечка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на светец.
Англиски: sanct
Примери:
Светечко лице.

свети повеќе

светат
Вид збор: Глагол, несвршен
За вода, масло - осветува со обреди и молитви.
Англиски: consecrate Албански: shenjtëroj

светител повеќе

мн. светители
Вид збор: Именка, машки род
свет човек, светец
Англиски: holy man Албански: njeri i shenjtë
Примери:
Сите светители и ангели.

светица повеќе

Види и: светец (м.)
мн. светици
Вид збор: Именка, женски род
жена-светец
Англиски: saint Албански: shenjëtare

светогорски повеќе

светогорскиот
Вид збор: Придавка
Што е од Света Гора.

светост повеќе

(едн.) светоста
Вид збор: Именка, женски род
(Со заменките: ваш, негов, итн.) Наречување на високопоставено црковно лице.
Англиски: holiness Албански: shenjtëri
Примери:
Ваша светост.

свеќарник повеќе

мн. свеќарници
Вид збор: Именка, машки род
Направа на којашто се палат свеќи.
Англиски: candleholder

свештенослужител повеќе

мн. свештенослужители
Вид збор: Именка, машки род
Свештеник што служи во црквата за време на богослужбата.

себлаг повеќе

Вид збор: Придавка
Обично во составот себлаг господ.
Англиски: almighty

седмочисленици повеќе

Вид збор: Именка, множина
Светите Кирил и Методиј и нивните ученици.

семинарија повеќе

мн. семинарии
Вид збор: Именка, женски род
Средна духовна учебна установа, богословија.
Англиски: seminary Албански: seminar
Зграда на оваа установа.
Англиски: seminary Албански: seminar

семинарист повеќе

мн. семинаристи
Вид збор: Именка, машки род
Ученик на семинарија.
Албански: seminarist
Човек што завршил семинарија.
Албански: seminarist

сестра повеќе

мн. сестри
Вид збор: Именка, женски род
Член на женско религиозно братство.
Англиски: nun

символ повеќе

Вид збор: Именка, машки род
симбол
Англиски: symbol
Примери:
Символ на верата.

синод повеќе

мн. синоди
Вид збор: Именка, машки род
Највисок орган на православната црква.
Англиски: synod Албански: sinod
Зградата во која е сместен овој орган.
Англиски: synod Албански: sinod

синодален повеќе

Види и: синодски (прид.)
синодални
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на синод.
Англиски: synodal
Примери:
Синодален хор.

синодски повеќе

синодска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на синод.
Англиски: synodal
Примери:
Синодска печатница.

синоптик повеќе

мн. синоптици
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Авторите на првите три евангелија: Матеј, Марко и Лука.
Англиски: synoptic

Сирница повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Сирна недела.

скрипториум повеќе

мн. скрипториуми
Вид збор: Именка, машки род
Одделна просторија во средновековен манастир каде што се пишувале и препишувале црковни и богослужбени книги.
Англиски: scriptorium

слава повеќе

мн. слави
Вид збор: Именка, женски род
сведен
Англиски: celebration Албански: festim

служба повеќе

мн. служби
Вид збор: Именка, женски род
слава
Англиски: celebration Албански: festim

служебник повеќе

мн. служебници
Вид збор: Именка, машки род
Книга што содржи текстови по кои се врши и богослужба.

служи повеќе

служат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши црковна служба.
Англиски: sermonize Албански: predikoj

сослужение повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Литургиска служба на двајца или повеќе свештенослужители.

спасител повеќе

мн. спасители
Вид збор: Именка, машки род
Исус Христос
Англиски: savior Албански: shpëtimtar, shpëtues

Спасовден повеќе

Вид збор: Име
Празник кој паѓа четириесет дена по Велигден и секогаш во четврток.
Англиски: Ascension
Примери:
Една недела по Спасовден ќе има свадба.

спасовденски повеќе

Вид збор: Придавка
Кој се однесува на Спасовден.
Примери:
Спасовденски собор.

спомене повеќе

споменат
Вид збор: Глагол, свршен
Моли се за здравјето на жив или за проштевање на гревовите на умрен.
Англиски: pray Албански: përmend

средопосен повеќе

средопосна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на средопост.
Примери:
Средопосна недела.

средопосница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Средопосна недела.

средопост повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Средината на постот.

ставрофор повеќе

мн. ставрофори
Вид збор: Именка, машки род
Во православната црква - виш свештеник.

старозаветен повеќе

старозаветна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на Стариот Завет.
Англиски: Old Testament

стихар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Свештеничка одежда.
Англиски: cassock

стихира повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид црковна песна.
Англиски: gospel
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч