Црковен термин - категорија

кади повеќе

кадат
Вид збор: Глагол, несвршен
При христијански обред, со кадилница шири дим и мирис на темјан.
Албански: tymos

кадилница повеќе

мн. кадилници
Вид збор: Именка, женски род
Мал, метален сад за кадење со темјан при црковни обреди.

калуѓер повеќе

мн. калуѓери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што припаѓа на црковен ред и живее во манастир; тој што се замонашил.
Англиски: monk

калуѓери повеќе

калуѓерат
Вид збор: Глагол, несвршен
Воведува во калуѓерски ред.
Албански: hyn në rendin murg
(се калуѓери) Се замонашува.
Албански: murgohesh

калуѓерица повеќе

мн. калуѓерици
Вид збор: Именка, женски род
калуѓерка
Англиски: nun Албански: murgeshë

калуѓерка повеќе

мн. калуѓерки
Вид збор: Именка, женски род
жена калуѓер
Англиски: nun Албански: murgeshë

камбана повеќе

мн. камбани
Вид збор: Именка, женски род
Црковно ѕвоно.
Англиски: church bell

камбанар повеќе

мн. камбанари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што удира на камбана; црковен ѕвонар.
Англиски: ringer

камбанарија повеќе

мн. камбанарии
Вид збор: Именка, женски род
Кула во црква со една или неколку камбани.
Англиски: bell tower

камилавка повеќе

мн. камилавки
Вид збор: Именка, женски род
Висока, валчеста капа што ја носат православните калуѓери и свештеници.

кандилка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
кадилница
Албански: kandile, temjanicë

канон повеќе

мн. канони
Вид збор: Именка, машки род
Утврдено правило, закон донесен од највисоката црковна власт во христијанската религија.
Англиски: canon Албански: kanon, norm ligjore fetare
Попис на религиозни списи прифатени од црквата како cвети книги.
Англиски: canon Албански: kanon
Псалм определен за пеење во чест на празник или светец.
Англиски: canon Албански: kanon, psalm

канонизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Прогласување на некого за светец.
Англиски: canonization Албански: kanonizim

канонизира повеќе

канонизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прогласи, прогласува некого за светец.
Англиски: canonize Албански: kanonizoj

кањари повеќе

кањарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чита молитви во црква.

кардинал повеќе

мн. кардинали
Вид збор: Именка, машки род
Највисок свештенички чин, веднаш по папата, во хиерархијата на католичката црква.
Англиски: cardinal Албански: kardinal

катихизис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Учење за христијанската вера, веронаука; основите на тоа учење претставени во вид на прашања и одговори.
Англиски: catechism

кивор повеќе

мн. кивори
Вид збор: Именка, машки род
Ковчеже во кое стојат икони и кандило.
Албански: sandëk me ikona dhe kandile

киновија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
манастир
Англиски: monastery

клепало повеќе

мн. клепала
Вид збор: Именка, среден род
Дрвена направа на која се удира за огласување при црквите.
Албански: vegël druri për lajmërim në kishë

клирос повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се пее во православна црква.
Грчки: κλῆρος

клисар повеќе

мн. клисари
Вид збор: Именка, машки род
црковен служител
Англиски: sexton

колач повеќе

мн. колачи
Вид збор: Именка, машки род
Обреден леб испечен за некои празници од меко брашно во облик на круг, обично со украси од тесто на површината.
Англиски: cake Албански: kulaç

Коледе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Денот пред Рождество Христово, поврзан со традиционални обичаи.
Англиски: Christmas

коливо повеќе

мн. колива
Вид збор: Именка, среден род
блудец

комка повеќе

комкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прима причеста.
Албански: kungoj
(се комка) се причестува
Албански: kungohem

комка повеќе

мн. комки
Вид збор: Именка, женски род
црковна причесна
Англиски: Holy Communion

комкалница повеќе

мн. комкалници
Вид збор: Именка, женски род
Метална чаша за причесна.
Англиски: chalice

конгрегација повеќе

мн. конгрегации
Вид збор: Именка, женски род
Здружение на црковни општини на католичката црква.
Англиски: congregation Албански: kongregacion

конфесија повеќе

мн. конфесии
Вид збор: Именка, женски род
Секоја христијанска верска организација.
Англиски: confession Албански: konfesion

косми повеќе

космат
Вид збор: Глагол, несвршен
крштава
Англиски: baptize Албански: pagëzon

крипта повеќе

мн. крипти
Вид збор: Именка, женски род
Подземен ходник и ќелии во кои древните христијани се собирале на богослужба.
Англиски: crypt Албански: kriptë, dhomë e nëndheshme
Подземна просторија под црква.
Англиски: crypt Албански: fhomë e nëndheshme nën kishë

крмчија повеќе

мн. крмчии
Вид збор: Именка, женски род
Зборник од црковни и световна правила кои cе применуваат во црковната управа.
Англиски: catechism

крст повеќе

мн. крстови
Вид збор: Именка, машки род
Молитвен знак на христијаните со десната рака во облик на крст.
Англиски: cross Албански: kryqëzim

крсти повеќе

крстат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши верски обред, при што тој што се крштава добива име и се воведува во христијанската вера.
Англиски: baptize Албански: pagëzoj
За вода, масло осветува, cвети со обреди молитва.
Англиски: sanctify Албански: pastroj nga mëkatet
Прави крст со рака, прави крстен знак над некого.
Англиски: cross Албански: kryqëzim
(се крсти) Мине низ обред на крштавање.
Англиски: cross Албански: kryqëzoj
(се крсти) Прави крстен знак.
Англиски: cross Албански: kryqëzoj

крсти повеќе

Вид збор: Именка, множина
литија (обично во време на суша)
Англиски: procession

крстилница повеќе

мн. крстилници
Вид збор: Именка, женски род
Сад со светена вода во која се врши крштавање.
Англиски: font Албански: enë me ujë për kryqëzim
Место каде што се врши обредот крштавање.
Англиски: font Албански: vendi ku bëhet kryqëzimi

Крстовден повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Христијански празник на 27 септември (нов стил) во чест на светиот Христов крст.

круцификс повеќе

мн. круцификси
Вид збор: Именка, машки род
Слика или фигура на распнат Христос.
Англиски: crucifix

крштава повеќе

крштаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
крштева, крсти
Англиски: baptize

крштева повеќе

крштеваат
Вид збор: Глагол, несвршен
крштава, крсти
Англиски: christen

крштевка повеќе

мн. крштевки
Вид збор: Именка, женски род
Обред на крштевање и воведување во христијанската црква.
Англиски: baptizing

крштелен повеќе

крштелниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на чинот на крштевањето.
Англиски: baptising

крштелница повеќе

мн. крштелници
Вид збор: Именка, женски род
Документ со податоци за крштавањето што го издава црквата, извор од црковната книга на крстените.
Англиски: birth certificate

крштенка повеќе

Види и: крштевка (ж.)
мн. крштенки
Вид збор: Именка, женски род
крштевка
Англиски: baptism

крштење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
крштавање, крштевање
Англиски: baptizing

кум повеќе

мн. кумови
Вид збор: Именка, машки род
Во христијанството, тој што го држи детето при крштевање, што му дава име на детето; што прв го потстрижува детето.
Англиски: godfather Албански: kumbar

кумство повеќе

мн. кумства
Вид збор: Именка, среден род
Кумовски однос меѓу кумот и семејcтвото на кое кумувал при крштавање и венчавање.
Албански: kumbari

купел повеќе

мн. купли
Вид збор: Именка, машки род
Сад за крштавање.
Англиски: font
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч