Црковен термин - категорија

Иванден повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Христијански празник што се празнува во чест на светителот Св. Јован Крстител, на 7 јули според православниот календар.

иванденски повеќе

Види и: Иванден (м.)
иванденскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Иванден.

игумен повеќе

мн. игумени
Вид збор: Именка, машки род
Старешина на машки православен манастир.
Англиски: abbot

игуменија повеќе

мн. игумении
Вид збор: Именка, женски род
Монахиња старешина на женски православен манастир.
Англиски: abbess

игуменски повеќе

игуменскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што припаѓа на игумен.

игуменува повеќе

игуменуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Управува со православен манастир.

изнесе повеќе

изнесат
Вид збор: Глагол, свршен
Прави помен за покоен.
Албански: bën memorial, përkujtim

икона повеќе

мн. икони
Вид збор: Именка, женски род
Слика на Христос, Богородица, на светец или на религиозно сиже, изработена (обично на штица) според правилата и обичаите на православната црква.
Англиски: icon Албански: ikonë

иконарник повеќе

мн. иконарници
Вид збор: Именка, машки род
куќен иконостас

иконоборец повеќе

мн. иконоборци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е приврзаник на иконоборството.

иконоборство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Движење во VIII и IX век во Византија изразено преку борбата против почитувањето на иконите.

иконокласт повеќе

мн. иконокласти
Вид збор: Именка, машки род
иконоборец
Англиски: iconoclast

иконолатрија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Страсно, слепо обожавање на икони и на слики на светци.

иконопис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Сликање икони.

иконописец повеќе

мн. иконописци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со иконопис.

иконопоклоник повеќе

мн. иконопоклоници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што ги почитува и им се поклонува на иконите.

иконостас повеќе

мн. иконостаси
Вид збор: Именка, машки род
Преграда украсена со икони што го одделува олтарот од другиот дел на црквата.

Илинден повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Христијански и народен празник посветен на св. Илија, што паѓа на 2 август.
Албански: Ilinden

именден повеќе

мн. имендени
Вид збор: Именка, машки род
Ден кога се слави името обично според името на некој светец.
Англиски: namesday

исихазам повеќе

(едн.) исихазмот
Вид збор: Именка, машки род
Монашко движење во источнохристијанската црква во периодот од XII до XIV век, чиишто претставници сметале дека преку молчење, самување и аскетизам ќе се доближат до Бога и ќе стапат во контакт со него.
Англиски: hesychasm

искади повеќе

искадат
Вид збор: Глагол, свршен
Со палење миризлива материја (темјан) рашири чад.

ислужи повеќе

ислужат
Вид збор: Глагол, свршен
Одржи литургија, црковна служба.
Англиски: serve Албански: mban liturgji

испашта повеќе

испаштаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обид за поправка на сторената грешка.
Англиски: penance Српски: испаштати

исповед повеќе

исповедта
Вид збор: Именка, женски род
Покајување за гревовите што ги признава верникот пред свештеник.
Англиски: confession Албански: rrëfim

исповеда повеќе

исповедаат
Вид збор: Глагол, свршен
За духовно лице - ислуша нечија исповед и даде простување на гревот.
Англиски: confess Албански: rrëfej
(се исповеда) Признае гревови пред свештеник.
Англиски: confess Албански: rrëfej

исповедалница повеќе

мн. исповедалници
Вид збор: Именка, женски род
Мала просторија во црква каде што се одржува исповед.
Англиски: confessional

исповедание повеќе

Види и: исповед (ж.)
мн. исповеданија
Вид збор: Именка, среден род
исповед
Англиски: confession

испосник повеќе

мн. испосници
Вид збор: Именка, машки род
Монах што живее на осамено место без допир со надворешниот свет, по строго определен ред.
Англиски: ascetic Албански: asket, vetmitar

испосништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Начин на живот на испосник.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч