Црковен термин - категорија

живопис повеќе

мн. живописи
Вид збор: Именка, машки род
Ликовна уметност во која се слика со бои.
Англиски: painting Албански: pikturë
Дела на таа уметност.
Англиски: painting Албански: pikturë
Сликарство на фрески и икони во православните цркви.
Англиски: fresco Албански: pikturë

житие повеќе

мн. житија
Вид збор: Именка, среден род
Животопис на светец.

жито повеќе

мн. жита
Вид збор: Именка, среден род
Варена и засладена пченица што се раздава за душа, за покоен.
Англиски: wheat Албански: grurë

жртвеник повеќе

мн. жртвеници
Вид збор: Именка, машки род
Во христијанската црква, место во олтарот на коешто се врши проскомидија.
Англиски: offertory Албански: vend ku mbledhen para gjatë shërbesës

жупа повеќе

мн. жупи
Вид збор: Именка, женски род
Најмала административна единица на католичката црква.
Англиски: diocese Албански: administratë e vogël

жупник повеќе

мн. жупници
Вид збор: Именка, машки род
Католички свештеник што управува со жупа.
Англиски: priest
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч