Црковен термин - категорија

евангелие повеќе

мн. евангелија
Вид збор: Именка, среден род
Текст напишан во првите векови од христијанството за животот и за учењето на Исус Христос, дел од Новиот завет на Библијата.
Англиски: Gospel

евангелизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Проповедање на Евангелието.
Англиски: evangelism

евангелија повеќе

Види и: евангелие (ср.)
мн. евангелии
Вид збор: Именка, женски род
евангелие
Англиски: Gospel

евангелист повеќе

мн. евангелисти
Вид збор: Именка, машки род
Еден од четворицата пишувачи на евангелијата.
Англиски: evangelist Албански: evangjelist
Припадник на евангелистичката црква, протестант.
Англиски: evangelist Албански: evangjelist

евангелистар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Книга, зборник што содржи евангелија.

евхаристија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Света причесна.
Англиски: Eucharist Албански: eukaristia

егзарх повеќе

мн. егзарси
Вид збор: Именка, машки род
Поглавар на самостојна православна црква или на определена црковна област; митрополит, застапник на патријархот.

егзархија повеќе

мн. егзархии
Вид збор: Именка, женски род
Самостојна православна христијанска црква на чело со егзарх.

егзархист повеќе

мн. егзархисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на дејствувањето на Бугарската егзархија во Македонија.

егумен повеќе

Види и: игумен (м.)
мн. егумени
Вид збор: Именка, машки род
игумен
Англиски: abbot

егуменија повеќе

Види и: игуменија (ж.)
мн. егумении
Вид збор: Именка, женски род
игуменија
Англиски: abbey

екскомуникација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Исклучување од црковната заедница, фрлање анатема.
Англиски: excommunication Албански: ekskomunikim

енорија повеќе

мн. енории
Вид збор: Именка, женски род
Област (територија, населено место) во која служи еден свештеник.
Англиски: parish

епарх повеќе

мн. епарси
Вид збор: Именка, машки род
Лице што управува со епархија, епископ.

епархија повеќе

мн. епархии
Вид збор: Именка, женски род
Црковна област со која управува епископ, епарх.
Англиски: eparchy

епископија повеќе

мн. епископии
Вид збор: Именка, женски род
Црковна област под управа на епископ.
Англиски: episcopacy Албански: ipeshkvi
Зграда, објект каде што е сместена управата на епископот.
Англиски: episcopacy Албански: ipeshkvi

епистоларија повеќе

мн. епистоларии
Вид збор: Именка, женски род
Христијанска литургиска книга што содржи низа литургиски текстови.
Англиски: epistolary

епитрафил повеќе

мн. епитрафили
Вид збор: Именка, машки род
Дел од облеката на православните свештеници во вид на долга лента што се наметнува.

епитроп повеќе

мн. епитропи
Вид збор: Именка, машки род
Црковен намесник, застапник.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч