Хемија - категорија

јагленород повеќе

Види и: јаглерод (м.)
(едн.) јагленородот
Вид збор: Именка, машки род
јаглерод
Латински: Carboneum (C) Англиски: carbon Албански: karbon

јаглерод повеќе

(едн.) јаглеродот
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент важен составен дел на сите органски материи.
Латински: Carboneum (C) Англиски: carbon Албански: karbon

јаглероден повеќе

јаглеродниот
Вид збор: Придавка
Што содржи јаглерод, што се однесува на јаглерод.

јаглехидрат повеќе

мн. јаглехидрати
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) Органски соединенија што содржат јаглерод, кислород и водород.
Англиски: carbohydrate

јод повеќе

(едн.) јодот
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент од групата халогени елементи во цврста состојба со темно-сива боја.
Латински: (Ј) Англиски: iodine

јоден повеќе

јодниот
Вид збор: Придавка
Раствор од тој елемент во алкохол што се употребува во медицината за дезинфекција.

јодоводород повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Соединение на јодот и водородот.

јодоформ повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Соединение на јод, водород и јаглерод, жолт прав со остар мирис што се става на рани за дезинфекција.

јон повеќе

мн. јони
Вид збор: Именка, машки род
Атом или атомска група што има помалку (позитивен јон, катјон) или повеќе (негативен јон, анјон) електрони во однос на бројот на протоните во јадрото.
Англиски: ion Албански: jon

јонизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Хемиски процес со кој неутралните честички се претвораат во јони.
Англиски: ionization

јонизира повеќе

јонизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши јонизација.
Англиски: ionize Албански: jonizoj
(се јонизира) Се претвора во јон.
Англиски: ionize Албански: jonizohet
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш