Хемија - категорија

фарба повеќе

мн. фарби
Вид збор: Именка, женски род
боја
Англиски: paint Германски: Farbe

фенол повеќе

мн. феноли
Вид збор: Именка, машки род
Соединение со силни дезинфекциони својства; карболна киселина.

фериоксид повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Железен оксид во кој железото е три-валентно.
Латински: Fe2O3

фермент повеќе

мн. ферменти
Вид збор: Именка, машки род
Органска супстанца што се образува во жива ќелија и ги забрзува хемиските реакции.
Англиски: ferment

ферментација повеќе

(едн.) ферментацијата
Вид збор: Именка, женски род
Процес на вриење.
Англиски: fermentation
Примери:
Ферментација на алкохол.

ферментационен повеќе

ферментациона
Вид збор: Придавка
Што се однесува, својствено на фермантација.
Примери:
Ферментационен процес.

ферментира повеќе

ферментираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се наоѓа во процес на ферментација.
Англиски: ferment

феролегура повеќе

мн. феролегури
Вид збор: Именка, женски род
железна легура

ферооксид повеќе

мн. ферооксиди
Вид збор: Именка, машки род
Железен оксид.
Латински: FeO Англиски: rust

филтрација повеќе

(едн.) филтрацијата
Вид збор: Именка, женски род
Процес на филтрирање.
Англиски: filtration Албански: filtrim

флуор повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Халоген елемент со атомски број 9, отровен и нагризувачки гас со жолто-кафеава боја и силна карактеристична миризба.
Латински: (F) Англиски: fluorine

формалин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Дезинфекционо средство со остра миризба.
Англиски: formalin

фосфат повеќе

мн. фосфати
Вид збор: Именка, машки род
Сол на фосфорната киселина.
Англиски: phosphate

фосфатен повеќе

фосфатни
Вид збор: Придавка
Кој содржи фосфат.
Англиски: phosphat
Примери:
Фосфатни ѓубриња.

фосфор повеќе

(едн.) фосфорот
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент со хемиски број 15 се јавува во разни бои и свети на темно.
Латински: Phosphorus (P) Англиски: phosphorus

фосфорен повеќе

фосфорна
Вид збор: Придавка
Кој содржи фосфор.
Примери:
Фосфорни руди.
Кој ги има својствата на фосфор, што потекнува од фосфор.
Примери:
Фосфорна светлина.

фосфоресценција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Својство на некои тела да испуштаат светлина.
Англиски: phosphorescence

фосфорит повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Минерал од групата на фосфатите; се употребува како вештачко ѓубре.

фотохемија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Дел од хемијата што ги проучува хемиските реакции предизвикани од светлосните зраци.
Англиски: photochemistry

фотохемиски повеќе

фотохемискиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на фотохемија.
Англиски: photochemical
Примери:
Фотохемиски процес.

фракција повеќе

мн. фракции
Вид збор: Именка, женски род
Хемиска компонента која се издвојува со посебна метода.
Англиски: fraction Албански: frakcion, ndarje
Примери:
Една истражувачка група испитувала хемиски фракции на голем број овошни сокови.

фунгицид повеќе

мн. фунгициди
Вид збор: Именка, машки род
Средство за уништување габи.
Англиски: fungicide
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш