Хемија - категорија

салицил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Салицилова киселина; бел кристален прав што спречува вриење и гниење.
Англиски: salicylic acid Албански: oksid salicili
Примери:
Во туршијата редовно става салицил.

салицилен повеќе

салицилна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на салицил.
Англиски: salicylic
Примери:
Салицилна киселина.

сапунификација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Процес на стварање сапун; цепење на мастите во глицерин и сапун.
Англиски: saponification

сахарин повеќе

(едн.) сахаринот
Вид збор: Именка, машки род
Бел кристален прашок многу посладок од обичниот шеќер, сурогат на шеќер.
Англиски: saccharine Албански: sakarinë

сахароза повеќе

(едн.) сахарозата
Вид збор: Именка, женски род
Слатка супстанција.
Англиски: saccharose

селен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент, се наоѓа во сулфурните руди, служи за изработка на фотоќелии.
Латински: Selenium (Se) Англиски: selenium

силикат повеќе

мн. силикати
Вид збор: Именка, машки род
(пообично мн.) Силикати - општ назив за минерали и хемиски соли што содржат силициум.
Англиски: silicate

силикатен повеќе

силикатна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на силикати; изготвен од силикати.
Англиски: silicate
Примери:
Силикатен раствор.

силикон повеќе

мн. силикони
Вид збор: Именка, машки род
Органско хемиско соединение со голема примена во индустријата за изработка на синтетички ткаенини, накит, делови за пластичната хирургија и др.
Англиски: silicone

силициум повеќе

(едн.) силициумот
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент што влегува во составот на многу минерали: кварц, песок и др.
Латински: Silicium (Si) Англиски: silicium Албански: silic

синтеза повеќе

мн. синтези
Вид збор: Именка, женски род
Добивање на сложени хемиски материи преку соединување на прости материи или елементи.
Англиски: synthesis Албански: sintezë
Примери:
Синтеза на белковините.

синтетизира повеќе

синтетизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Добие, добива со синтеза.
Англиски: synthesize Албански: sintetizoj

синтетика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Материјал добиен по хемиски пат - обично за текстил.
Англиски: synthetic
Примери:
Блузата не е памучна, чиста синтетика.

синтетичен повеќе

синтетични
Вид збор: Придавка
Заснован врз синтеза; добиен како резултат од синтеза.
Англиски: synthetic

скроб повеќе

(едн.) скробот
Вид збор: Именка, машки род
Бел прашок без вкус, се употребува во прехранбената, хемиската, текстилната индустрија.
Англиски: starch Албански: niseshte

смола повеќе

мн. смоли
Вид збор: Именка, женски род
Леплива супстанца што се цеди од кората на некои дрва.
Англиски: resin Албански: rrëshirë
Примери:
Течна, цврста смола.

сода повеќе

мн. соди
Вид збор: Именка, женски род
Назив на ред натриеви соли, натриумов карбонат.
Англиски: soda Турски: soda Албански: sodë

соединение повеќе

мн. соединенија
Вид збор: Именка, среден род
Супстанца со сложен хемиски состав.
Англиски: compound Албански: legurë, përzierje
Примери:
Хемиски соединенија.

соедини повеќе

соединат
Вид збор: Глагол, свршен
Смеша, приведе во хемиско заемно дејство.
Англиски: merge Албански: përziej
(се соедини) Стапи во хемиско заемно дејство.
Англиски: react Албански: reagoj

сол повеќе

мн. соли
Вид збор: Именка, женски род
Соединение на киселина со метал.
Англиски: salt Албански: kripë

солен повеќе

солени
Вид збор: Придавка
Што се однесува на сол.
Англиски: hydrochloric Албански: kripe

спектроскопија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Определување на хемиските соединенија преку проучување на нивните спектри со помош на спектроскоп.
Англиски: spectroscopy

спермацет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Белузлава материја слична на восокот; се употребува во медицината, парфимеријата, за производство на свеќи и др.

спирт повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Органско соединение - безбојна леснозапалива течност.
Англиски: alcohol

спиртен повеќе

спиртна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на спирт; кој содржи спирт.
Англиски: alcoholic

сребро повеќе

(едн.) среброто
Вид збор: Именка, среден род
Благороден метал со бела боја и блесок.
Латински: Argentum (Ag) Англиски: silver Албански: argjend

стеарин повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Бела супстанца добиена од цврсти масти што се употребува во производството на свеќи.
Англиски: stearin

стероиди повеќе

Вид збор: Именка, множина
Група важни органски соединенија.
Англиски: steroids

стипса повеќе

мн. стипси
Вид збор: Именка, женски род
Безбојна кристална супстанца.
Англиски: styptic pencil Албански: shap, stipës

стиропор повеќе

стиропорот
Вид збор: Именка, машки род
Градежен материјал за топлотна и акустична изолација.
Англиски: polystyrene

стрихнин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Многу силен отров.
Англиски: strychnine
Примери:
При обдукцијата, во телото на покојниот е констатиран стрихнин.

стронциум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
метален елемент
Латински: strontium (Sr) Англиски: strontium

сублимат повеќе

мн. сублимати
Вид збор: Именка, машки род
Продукт на сублимацијата.
Англиски: sublimate

сублимација повеќе

мн. сублимации
Вид збор: Именка, женски род
Преминување на тврдите тела во гасовити и со ладење и одново враќање во тврда состојба.
Англиски: sublimation

сублимира повеќе

сублимираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Претвори, претвора тврди тела во гасовити или со ладење претвори, претвора гасовити во тврди тела.
Англиски: sublimate Албански: sublimoj
возвиши, возвишува, облагороди, облагородува
Англиски: sublimate Албански: sublimoj

сублимирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сублимира
Англиски: sublimation

сулфат повеќе

мн. сулфати
Вид збор: Именка, машки род
Сол на сулфурната киселина.
Примери:
Натриумов сулфат.

сулфид повеќе

мн. сулфиди
Вид збор: Именка, машки род
Соединение на метал со сулфур.
Англиски: sulphide
Примери:
Сребрен сулфид.

сулфит повеќе

мн. сулфити
Вид збор: Именка, машки род
Сол на сулфурестата киселина.
Примери:
Натриумов сулфит.

сулфур повеќе

(едн.) сулфурот
Вид збор: Именка, машки род
Елемент - тврдо тело со жолтозелена боја.
Латински: Sulphur (S) Англиски: sulphur

сулфурен повеќе

сулфурна
Вид збор: Придавка
Кој содржи сулфур.
Англиски: sulphuric
Примери:
Сулфурна киселина.

сулфурест повеќе

Вид збор: Придавка
хем. кој има својства на сулфур
Примери:
сулфуреста киселина.

сулфуроводород повеќе

мн. сулфуроводороди
Вид збор: Именка, машки род
Горлив, смрдлив и отровен гас што настанува при разложување на протеините.
Латински: H2S Англиски: hydrogen sulphide
Примери:
Со тоа ќе се избегне појава од непријатни загадувачи како што се метан и сулфуроводород.

сумпор повеќе

Види и: сулфур (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
сулфур
Латински: S Англиски: sulfur

супероксид повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Степен на оксидација на еден метал.

суперфосфат повеќе

мн. суперфосфати
Вид збор: Именка, машки род
Вештачко ѓубре добиено од природни фосфати.

суперфосфатен повеќе

Види и: суперфосфат (м.)
суперфосфатни
Вид збор: Придавка
суперфосфат
Примери:
Суперфосфатно ѓубре.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш