Хемија - категорија

радикал повеќе

мн. радикали
Вид збор: Именка, машки род
Постојана група атоми во молекулот што преминуваат без промена од едно хемиско соединение во друго.
Англиски: radical Албански: themel

радио повеќе

Вид збор: Префикс
Прв составен дел на некои сложенки со значење: кој се однесува на радиум, радиоактивност, радијација.
Англиски: radio Албански: radio

радиоактивен повеќе

радиоактивна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на радиоактивноста; кој пројавува радиоактивност.
Англиски: radioactive
Примери:
Радиоактивни елементи.

радиоактивност повеќе

(едн.) радиоактивноста
Вид збор: Именка, женски род
Распаѓање на атомските јадра на некои хемиски елементи.
Англиски: radioactivity
Примери:
Радиоактивноста на воздухот.

радионуклид повеќе

мн. радионуклиди
Вид збор: Именка, машки род
(обично во множина) Атом со нестабилно јадро.
Англиски: radionuclide

радиум повеќе

(едн.) радиумот
Вид збор: Именка, машки род
Метал со радиоактивни својства.
Латински: Radium (Ra) Англиски: radium

радиумов повеќе

радиумовиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на радиум; кој содржи радиум.
Примери:
Радиумов сулфат.

разгради повеќе

разградат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разложи на составни делови, елементи.
Англиски: degrade Албански: degradoj

разреден повеќе

разредени
Вид збор: Придавка
Кој е поредок, поненаситен.
Англиски: diluted
Примери:
Разреден гас.

разредувач повеќе

мн. разредувачи
Вид збор: Именка, машки род
Средство за разредување, материја што служи за намалување на густината на друга материја.
Англиски: solvent

раствор повеќе

Види и: раствори (св.)
мн. раствори
Вид збор: Именка, машки род
(се) раствори
Англиски: solution Албански: tretës

растворен повеќе

растворна
Вид збор: Придавка
Кој може да раствори.
Англиски: soluble
Примери:
Растворно средство.

растворлив повеќе

растворливи
Вид збор: Придавка
Кој може да се раствори.
Англиски: soluble
Примери:
Растворливи соли.

растворливост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
растворлив
Англиски: solubility Албански: tretshmëri

растворувач повеќе

мн. растворувачи
Вид збор: Именка, машки род
Кој може да растворува. Средство за растворање.
Англиски: solvant Албански: tretës

рафинира повеќе

рафинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прочисти, прочистува од примеси.
Англиски: refine Албански: rafinoj, dlir

рѓа повеќе

(едн.) рѓата
Вид збор: Именка, женски род
Црвеникав оксид по површината на железо.
Англиски: rust Албански: ndryshk

реагенс повеќе

мн. реагенси
Вид збор: Именка, машки род
Активна супстанција што се користи во хемиски анализи.
Англиски: reagent
Примери:
Реагенси во форма на прав и во форма на течност.

реагира повеќе

реагираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Стапи, стапува во хемиска реакција.
Англиски: react Албански: reagon
Примери:
Сулфурната киселина реагира со некои метали.

реактив повеќе

мн. реактиви
Вид збор: Именка, машки род
Материја што предизвикува определена хемиска реакција.

реактивен повеќе

реактивна
Вид збор: Придавка
Кој служи како реактив при хемиски анализи.
Англиски: reactive
Примери:
Реактивни материи.

реакција повеќе

мн. реакции
Вид збор: Именка, женски род
Заемно дејство на две или повеќе материи, што доведува до создавање нови материи.
Англиски: reaction Албански: reakcion

реалгар повеќе

реалгарот
Вид збор: Именка, машки род
Црвен минерал; арсенов сулфид.
Англиски: realgar

редукција повеќе

редукцијата
Вид збор: Именка, женски род
Одземање на кислородот.
Англиски: reduction Албански: çoksidim
Примери:
При металната редукција се користат електропозитивни метали.

ректификација повеќе

ректификацијата
Вид збор: Именка, женски род
Начин на пречистување на течности.
Англиски: rectification Албански: rektifikim

ресинтеза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Синтеза на нови белковини, повторна синтеза.
Англиски: resynthesis

реторта повеќе

мн. реторти
Вид збор: Именка, женски род
Крушковиден стаклен сад со долго извиено грло, употребуван во хемијата.
Англиски: retort

реципиент повеќе

мн. реципиенти
Вид збор: Именка, машки род
Сад каде што се собираат течности и гасови.
Англиски: recipient

родиум повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Метал со сребреникаво-бела боја од групата на платините.
Латински: Rhodium (Rh) Англиски: rhodium

родиумски повеќе

родиумска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на родиум.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш