Хемија - категорија

паладиум повеќе

(едн.) паладиумот
Вид збор: Именка, машки род
скапоцен метал
Латински: (Pd) Англиски: palladium

парафин повеќе

мн. парафини
Вид збор: Именка, машки род
Дериват на нафтата, сличен на восок.
Англиски: paraffin

парафински повеќе

парафинска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на, што е од парафин.

паскал повеќе

мн. паскали
Вид збор: Именка, машки род
Единица за мерење притисок. Изведена единица во меѓународниот систем (SI) на мерни единици. (симбол: Pa)
Латински: Pa Англиски: pascale

патина повеќе

мн. патини
Вид збор: Именка, женски род
Тенок слој што се јавува како последица на оксидацијата на подлогата, кај бакарот зеленикава, благородна 'рѓа.
Англиски: patina Албански: shtresë e gjelbër nga oksidimi

патинира повеќе

патинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Со посебна постапка предизвикува појава на патина, или изглед на патина.
Англиски: patinate

пепсин повеќе

мн. пепсини
Вид збор: Именка, машки род
Фермент на стомачниот сок што ги раствора белковините.
Англиски: pepsin

перлон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Синтетичко влакно за производи од текстилната индустрија.
Англиски: nylon

пестицид повеќе

мн. пестициди
Вид збор: Именка, машки род
Хемиско средство што се користи за заштита на растенијата од болести, штетници и плевели.
Англиски: pesticide

петрол повеќе

Види и: петролеј (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
петролеј
Англиски: petroleum

петролеј повеќе

(едн.) петролејот
Вид збор: Именка, машки род
Густа жолтеникава течност што гори; суровина за добивање бензин и други деривати.
Англиски: petroleum Албански: petroleum, vajguri

петролејски повеќе

петролејскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на петролеј.

петролеум повеќе

Види и: петролеј (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
петролеј
Англиски: petroleum

петролеумски повеќе

петролеумскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на петролеум.

петрохемија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Гранка на хемиската технологија што се занимава со индустриско производство на чисти хемикалии од нафта и од земен гас.
Англиски: petrochemistry

пигмент повеќе

мн. пигменти
Вид збор: Именка, машки род
Обоена материја во форма на прав што се меша со вода да се добие определена боја.
Англиски: pigment Албански: pigment

пигментен повеќе

пигментна
Вид збор: Придавка
пигмент
Англиски: pigment

пикрин повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Отровна кристална материја со жолта боја што се употребува како експлозивно средство.
Латински: Trinitrophenol (C6H3N3O7) Англиски: picric acid

пикрински повеќе

Види и: пикрин (м.)
пикринска
Вид збор: Придавка
Во врска со пикринска киселина (вид јако експлозивно средство).
Англиски: picric

пипета повеќе

мн. пипети
Вид збор: Именка, женски род
Тенко стаклено цевче што завршува со гумена наставка за преточување на течност во мали количини.
Англиски: pipette

пироксилин повеќе

Вид збор: Именка, машки род
хем. (експлозивка материја од азотна киселина и целулоза)

пластика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пластична маса и предмети изработени од неа.
Англиски: plastic Албански: plastikë
Примери:
Не, ова не е дрво туку пластика.

платина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Сиво-бел благороден метал.
Латински: Platina (Pt) Англиски: platinum

плутониум повеќе

(едн.) плутониумот
Вид збор: Именка, машки род
Вештачки добиен радиоактивен хемиски елемент што се користи како гориво во нуклеарните реактори или како нуклеарен експлозив.
Латински: Plutonium (Pu) Англиски: plutonium

поларизација повеќе

мн. поларизации
Вид збор: Именка, женски род
Својство што го добиваат прородните светлосни зраци при прекршувањето на светлината.
Англиски: polarization Албански: polarizim

полиамид повеќе

мн. полиамиди
Вид збор: Именка, машки род
Вид хемиска супстанца што се користи за изработка на најлонски материјали.
Англиски: polyamide

поливинил повеќе

мн. поливинили
Вид збор: Именка, машки род
Вештачки материјали со отпорност на вода.
Англиски: polyvinyl

полиетилен повеќе

мн. полиетилени
Вид збор: Именка, машки род
Синтетичка материја со многу широка употреба, вештачки материјал добиен со полимеризација.
Англиски: polyethylene

полимер повеќе

мн. полимери
Вид збор: Именка, машки род
Хемиско соединение добиено со полимеризација.
Англиски: polymer

полимеризација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Хемиска реакција при која се поврзуваат мали молекули во големи.
Англиски: polymerization

полимерски повеќе

Види и: полимер (м.)
полимерскиот
Вид збор: Придавка
Што е произведен од полимер.

полиморфизам повеќе

(едн.) полиморфизмот
Вид збор: Именка, машки род
Постоење на едно хемиско соединение во повеќе од два кристални облика.
Англиски: polymorphy

полониум повеќе

(едн.) полониумот
Вид збор: Именка, машки род
Радиоактивен елемент со атомски број 84.
Латински: (Po) Англиски: Polonium

преврива повеќе

превриваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Минува низ процесот на вриење или ферментација.
Англиски: ferment

препарат повеќе

мн. препарати
Вид збор: Именка, машки род
Подготвена смеса во лабораторија за испитување.
Англиски: preparation Албански: preparat, pregatitje
Фабрички хемиски производ со определена намена (за перење, за прскање против инсекти).
Англиски: preparation Албански: preparat

протеин повеќе

мн. протеини
Вид збор: Именка, машки род
Сложено органско соединение, главна состојка на протоплазмата од клетката кај животинскиот и растителниот организам; витален дел од исхраната на луѓето и животните.
Англиски: protein Албански: proteinë
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш