Хемија - категорија

електроанализа повеќе

мн. електроанализи
Вид збор: Именка, женски род
Анализа со помош на електролиза.

електролиза повеќе

мн. електролизи
Вид збор: Именка, женски род
Разложување на течностите со помош на електрична енергија.

електролит повеќе

мн. електролити
Вид збор: Именка, машки род
Материја, супстанција што може да се разложи со електролиза.

електрохемија повеќе

(едн.) електрохемијата
Вид збор: Именка, женски род
Дел од физичката хемија како научна дисциплина што го проучува заемното дејство на физиката и на хемијата врз електричните процеси.

елемент повеќе

мн. елементи
Вид збор: Именка, машки род
Материја што не може по хемиски пат да се разложи на поедноставни делови.
Англиски: element Албански: element

емулгатор повеќе

мн. емулгатори
Вид збор: Именка, машки род
Средство што се додава за да се добие емулзија од две течности.
Англиски: emulsifier Албански: emulgator

емулзија повеќе

мн. емулзии
Вид збор: Именка, женски род
Течност во која се наоѓаат нерастворени ситни капки од друга течност.
Англиски: emulsion Албански: emulzion

ензим повеќе

мн. ензими
Вид збор: Именка, машки род
Органски азотни соединенија на живите клетки што овозможуваат да се вршат хемиски реакции во физиолошки услови на киселост, температура и притисок.
Англиски: enzyme

епрувета повеќе

мн. епрувети
Вид збор: Именка, женски род
Стаклен сад со цилиндрична форма што служи за хемиски опити.
Англиски: test tube

есенција повеќе

мн. есенции
Вид збор: Именка, женски род
Концентриран алкохол, раствор на ароматично етерично масло, екстракт од растително потекло, што се употребува во медицината, парфимеријата и во приготвувањето на алкохолни пијалаци.
Англиски: essence Албански: esencë

етанол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
вид алкохол
Латински: CH3CH2OH Англиски: ethanol

етер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Безбојна, лесно испарлива течност со остар мирис што се употребува како растворувач, а во медицината за дезинфекција и за наркоза.
Англиски: ether Албански: eter

етеричен повеќе

етеричниот
Вид збор: Придавка
За растение - што содржи и од кое се добива ароматично масло.
Англиски: etheric

етил повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Алкален радикал добиен од етан.
Англиски: ethyl
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш