Филозофија - категорија

надградба повеќе

мн. надградби
Вид збор: Именка, женски род
Дел од општествената структура што ги опфаќа дејностите и формите на организирање, негување и развивање на културните и на цивилизациските потреби на општеството.
Англиски: superstructure Албански: superstrukturë

натчовек повеќе

мн. надлуѓе
Вид збор: Именка, машки род
Во филозофијата (според Ниче) - личност што е интелектуална и по карактер многу поразвиена од сегашниот човек.
Албански: mbinjeri

небитие повеќе

мн. небитија
Вид збор: Именка, среден род
Тоа што го нема, што не суштествува; што не се остварува како битие.

нихилизам повеќе

(едн.) нихилизмот
Вид збор: Именка, машки род
Полн скептицизам, гледиште што негира секакви општествени принципи, етички норми и вредности.
Англиски: nihilism

нихилист повеќе

мн. нихилисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на нихилизмот.
Англиски: nihilist
а - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш