Филозофија - категорија

дедуктивен повеќе

дедуктивниот
Вид збор: Придавка
Што е добиен со дедукција, што се заснова на дедукција.
Англиски: deductive

дедукција повеќе

мн. дедукции
Вид збор: Именка, женски род
Изведување на посебното од општото, изведување на поединечен заклучок врз основа на нешто цело, општо.
Англиски: deduction

дедуцира повеќе

дедуцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изведе, изведува суд преку дедукција.
Англиски: deduct

деизам повеќе

(едн.) деизмот
Вид збор: Именка, машки род
Религиозно-филозофско сфаќање според кое Бог е безличен творец на светот, но нема никакво влијание врз неговиот натамошен тек.
Англиски: deism

демиург повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Според филозофијата на Платон и на питагорејците, творец и двигател на универзумот.
Англиски: demiurge Грчки: δημιουργός

детерминизам повеќе

(едн.) детерминизмот
Вид збор: Именка, машки род
Учење според кое сè што постои во светот е определено од некоја причина надвор од волјата на човекот.
Англиски: determinism

детерминист повеќе

мн. детерминисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на детерминизмот.
Англиски: determinist

дијалектика повеќе

(едн.) дијалектиката
Вид збор: Именка, женски род
Наука за општите закони на движењето и развитокот на природата, на општеството и на човековото мислење, која ги разгледува природните појави во вечно движење и менување.
Англиски: dialectics

дијалектичар повеќе

мн. дијалектичари
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на дијалектиката, тој што ја применува дијалектиката, дијалектичкиот метод.

дијалектичен повеќе

дијалектичниот
Вид збор: Придавка
Својствен на, заснован врз дијалектиката.

дистопија повеќе

мн. дистопии
Вид збор: Именка, женски род
Непосакувано, опасно, застрашувачко општество.
Англиски: distopy

доктрина повеќе

мн. доктрини
Вид збор: Именка, женски род
Учење систем од научни, филозофски, политички или други мислења.
Англиски: doctrine

дуализам повеќе

(едн.) дуализмот
Вид збор: Именка, машки род
Филозофско, религиозно или политичко сфаќање според кое дадена целина претставува двојство на два спротивни принципа (на пр. духовна и материјална супстанција, душа и тело, добро и зло, светлина и темнина).
Англиски: dualism Албански: dualizëm

дуалитет повеќе

мн. дуалитети
Вид збор: Именка, машки род
Двоен карактер.
Англиски: duality

духовен повеќе

духовниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на човековата свест, на умствената дејност на човекот, на духот.
Англиски: spiritual

душа повеќе

мн. души
Вид збор: Именка, женски род
Целокупност на чувствата, свеста и на карактерните особини на човекот.
Англиски: soul Албански: shpirt
а - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш