Филозофија - категорија

агностик повеќе

мн. агностици
Вид збор: Именка, машки род
Претставник на учењето дека вистнската суштина на постоењето, на Бога и на натприродното не може да се спознае.
Англиски: agnostic

агностика повеќе

(едн.) агностиката
Вид збор: Именка, машки род
Учење дека вистнската суштина на постоењето, на Бога и на натприродното не може да се спознае.
Англиски: agnosticism

адикција повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Облик на заклучување кој се состои во тоа логички да се собираат повеќе поими или изреки/искази.

аксиологија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Теорија, учење за вредностите.

аксиом повеќе

Види и: аксиома (ж.)
мн. аксиоми
Вид збор: Именка, машки род
Основна вистина, појдовно начело.
Англиски: axiom

аналитика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Начин на истражување со кој се оди од последицата кон причината, од општото кон поединечното.
Англиски: analytics

аналогизам повеќе

мн. аналогизми
Вид збор: Именка, машки род
Заклучок или доказ врз основа на сличност.

антиномија повеќе

мн. антиномии
Вид збор: Именка, женски род
Противречност, спротивност, меѓусебно исклучување на два закона или на два суда (теза и антитеза).

антитеза повеќе

мн. антитези
Вид збор: Именка, женски род
Спротивно тврдење, негација на некое тврдење (теза).
Англиски: antithesis

антиципира повеќе

антиципираат; антиципирајќи
Вид збор: Глагол, свршена и несвршена форма
Даде, дава предвремено мислење за нешто што ќе се потврди подоцна.
Англиски: anticipate

априори повеќе

Вид збор: Прилог
Независно од искуството, без претходнo знаењe, знаење по договор.
Латинско име: a priori Англиски: a priori
Примери:
Предноста и неопходноста на таквиот назив се априори очигледни.

апстрактност повеќе

апстрактноста
Вид збор: Именка, женски род
Воопштување на конкретни појмови.
Англиски: abstraction

аскеза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Строг, повлечен, доблестен и едноставен живот.
Англиски: asceticism

аскет повеќе

мн. аскети и аскетија, мн. аскетии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се откажува од сетилните задоволства и се стреми кон морална и духовна чистота.
Англиски: ascetic

аскетизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Религиозно учење што проповеда самоодрекување.

асоцијација повеќе

мн. асоцијации
Вид збор: Именка, женски род
Поврзување во свеста на едни поими и претстави со други,
Англиски: association
а - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - у - ф - х - ц - ш