Физика - категорија

хектограм повеќе

мн. хектограми
Вид збор: Именка, машки род
Количество од 100 грама.

хектолитар повеќе

мн. хектолитри
Вид збор: Именка, машки род
Мера за течност; изнесува 100 литра.
Англиски: hectoliter Албански: hektolitër

хектометар повеќе

мн. хектометри
Вид збор: Именка, машки род
Должина од 100 метри.

хелиограф повеќе

мн. хелиографи
Вид збор: Именка, машки род
Уред за автоматско бележење на трајноста на сјаењето на сонцето.
Англиски: heliograph Албански: heliograf

хелиографија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
фотографирање на сонцето
Англиски: heliography

херметичен повеќе

херметични
Вид збор: Придавка
Кој е цврсто затворен и не пропушта воздух, вода и сл.
Англиски: hermetic Албански: hermetik
Примери:
Херметичен сад.

херц повеќе

мн. херци
Вид збор: Именка, машки род
Единица за мерење на фреквенцијата.
Англиски: hertz Германски: Hertz Албански: herc

хигрометар повеќе

мн. хигрометри
Вид збор: Именка, машки род
Прибор за мерење на влажноста на воздухот.
Англиски: hygrometer Албански: higrometër

хидраулика повеќе

(едн.) хидрауликата
Вид збор: Именка, женски род
Во физиката - наука за законите на рамнотежата и за движењето на течностите.
Англиски: hydraulic Албански: hidraulika

хидрауличен повеќе

хидраулични
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хидрауликата.
Англиски: hydraulic Албански: hidraulik
Примери:
Хидраулични проучувања.

хидро повеќе

Вид збор: Префикс
Прв составен дел на некои сложенки кој има значење: воден, сврзан со водата, течноста.
Англиски: hydro
Примери:
хидроавијација, хидроенергија

хидрогенски повеќе

хидрогенска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хидроген.
Англиски: hydrogen Албански: hidrogjeni, hidrogjenik
Примери:
хидрогенска бомба

хидродинамика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од физиката што се занимава со движењето на течностите.
Англиски: hydrodynamics

хидроенергија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Енергија што ја содржи водениот тек.
Англиски: water power

хидрологија повеќе

(едн.) хидрологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува водните пространства на земјината површина и врвежот на водата во природата.
Англиски: hydrology

хидролошки повеќе

хидролошка
Вид збор: Придавка
Што е во врска со хидрологијата.
Англиски: hydrological Албански: hidrologjike
Примери:
Хидролошки завод.

хидрометар повеќе

мн. хидрометри
Вид збор: Именка, машки род
Справа за мерење на брзината на течна вода.
Англиски: hydrometer Албански: hidrometër

хидрометеорологија повеќе

(едн.) хидрометеорологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука што го проучува токот на водата меѓу долниот дел на атмосферата и земјината површина.
Англиски: hydrometeorology Албански: hidrometeorologji

хидрометеоролошки повеќе

хидрометеоролошка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на појавите во атмосферата и на состојбата на водите на земјината површина.
Англиски: hydrometeorologic Албански: hidrometeorologjike
Примери:
Хидрометеоролошки податоци.

хидрометрија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за мерење на водите.
Англиски: hydrometry
Мерење на брзината на водата со помош на хидрометар.
Англиски: hydrometry

хидромеханика повеќе

(едн.) хидромеханиката
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува законите на рамнотежата и движењата на течностите.
Англиски: hydromechanics Албански: hidromekanika

хидростатика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од физиката што се занимава со силите на течностите во мирување.
Англиски: hydrostatic

хипоцентар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Центарот на земјотрес или атомска експлозија.
Англиски: hypocenter

холограм повеќе

мн. холограми
Вид збор: Именка, машки род
Тродимензионална слика на предмет направена со помош на ласерски зраци.
Англиски: hologram

хроматизам повеќе

(едн.) хроматизмот
Вид збор: Именка, машки род
Во физиката - својство на белиот зрак да се распаѓа на зраци со различни бои.
Албански: kromatizëm

хронометар повеќе

мн. хронометри
Вид збор: Именка, машки род
Точен астрономски часовник во специјална кутија.
Англиски: chronometer Албански: kronometër
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ