Физика - категорија

сантилитар повеќе

мн. сантилитри
Вид збор: Именка, машки род
Стотен дел од литар.
Англиски: centilitre Албански: centilitër

сантим повеќе

мн. сантими
Вид збор: Именка, машки род
сантиметар
Англиски: centimeter Албански: santim, centimetër

сантиметар повеќе

мн. сантиметри
Вид збор: Именка, машки род
Стотен дел од метар.
Англиски: centimeter Албански: centimetër

светлина повеќе

мн. светлини
Вид збор: Именка, женски род
Енергија што се испушта од некое тело и го прави видлив околниот свет.
Англиски: light Албански: drita

свеќа повеќе

мн. свеќи
Вид збор: Именка, женски род
Единица за мерење на силата на светината.
Англиски: Candela Албански: kandelë
Примери:
Ламбичка од пет свеќи.

секунда повеќе

мн. секунди
Вид збор: Именка, женски род
Единица за мерење на времето, рамна на 1/60 дел од минута.
Англиски: second Албански: sekondë
Единица за мерење на агли, рамна на 1/360 дел од степен.
Англиски: second Албански: sekondë

силомер повеќе

мн. силомери
Вид збор: Именка, машки род
Уред за мерење на физичката сила.
Англиски: dynamometer Албански: dinamometër

синхротрон повеќе

мн. синхротрони
Вид збор: Именка, машки род
Акцелератор на честички каде со помош на магнетни полиња синхронизирано се зголемува кинетичката енергија на честичката.
Англиски: synchrotron
Примери:
Овој синхротрон е направен да судира спротивни снопови од протони.

соларен повеќе

соларни
Вид збор: Придавка
сончев
Англиски: solar Албански: solar

соленоид повеќе

мн. соленоиди
Вид збор: Именка, машки род
Жица спирално намотана во еден или повеќе слоеви, основа на електромагнетите.
Англиски: solenoid

сонда повеќе

мн. сонди
Вид збор: Именка, женски род
Балон за метеоролошки испитувања.
Англиски: probe Албански: sondë

сонометар повеќе

мн. сонометри
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за мерење на силата на звукот, за испитување слух.
Албански: sonometër

сончев повеќе

сончеви
Вид збор: Придавка
Што се однесува на сонцето.
Англиски: solar Албански: soalr, diellor

состојба повеќе

мн. состојби
Вид збор: Именка, женски род
Во физиката - вид на материјата.
Англиски: state Албански: gjendje

сочиво повеќе

сочивото
Вид збор: Именка, среден род
лупа
Англиски: magnifying glas Албански: xham dhmazues, thjerrëz

спектар повеќе

мн. спектри
Вид збор: Именка, машки род
Разнобојна пруга што се добива при преминување на сончев лач низ стаклена призма.
Англиски: spectrum Албански: spektër
Примери:
Сончев спектар.

спектрален повеќе

спектрална
Вид збор: Придавка
Што се однесува на спектар; што се однесува на восприемањето на различните бои на спектарот.
Англиски: spectral Албански: spektral

спектрограм повеќе

мн. спектрограми
Вид збор: Именка, машки род
Снимка добиена од спектограф.
Англиски: spectrogram

спектрограф повеќе

мн. спектрографи
Вид збор: Именка, машки род
Направа за снимање спектри.
Англиски: spectrograph

спектрометар повеќе

мн. спектрометри
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за мерење на спектарот.
Англиски: spectrometer

спектроскоп повеќе

мн. спектроскопи
Вид збор: Именка, машки род
Прибор за спектрална анализа.
Англиски: spectroscope Албански: spektroskop

спроводен повеќе

спроводни
Вид збор: Придавка
Кој спроведува нешто.
Англиски: conducting Албански: për[ues, i përçueshëm
Примери:
Спроводна цевка.

спроводник повеќе

мн. спроводници
Вид збор: Именка, машки род
Материјал што спроведува добро топлина, звук, електрична енергија и сл.
Англиски: conductor Албански: përçues

среднонапонски повеќе

среднонапонскиот
Вид збор: Придавка
Што има среден напон.

статика повеќе

(едн.) статиката
Вид збор: Именка, женски род
Дел од механиката што ги изучува законите за рамнотежата на телата.
Англиски: statics Албански: statikë

степен повеќе

мн. степени
Вид збор: Именка, машки род
Единица за мерење на температурата на телата.
Англиски: degree Албански: gradë

стереометриски повеќе

стереометрискиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на стереометрија.
Англиски: stereometric Албански: stereometrike

стратус повеќе

мн. стратуси
Вид збор: Именка, машки род
Хомоген облак што рамномерно ја покрива атмосферата.
Англиски: stratus Албански: re shtresore

суперсоничен повеќе

суперсоничниот
Вид збор: Придавка
Што се движи со поголема брзина од брзината на звукот во иста средина.
Англиски: supersonic
Примери:
суперсоничен авион
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ