Физика - категорија

обем повеќе

(едн.) обемот
Вид збор: Именка, машки род
Простор зафатен од едно тело, зафатнина.
Англиски: volume Албански: volum

објектив повеќе

мн. објективи
Вид збор: Именка, машки род
Дел од оптички апарат составен од една или повеќе леќи и насочен кон предметот што се набљудува.
Англиски: object lens Албански: objektiv

огноопасен повеќе

огноопасна
Вид збор: Придавка
Што е лесно запалив, опасно во близина на оган.
Англиски: flammable Албански: i ndezshëm
Примери:
Огноопасни материи се транспортираат во специјални возила.

огноотпорен повеќе

огноотпорни
Вид збор: Придавка
Што е отпорен на оган, што поднесува многу висока температура.
Англиски: fireproof Албански: zjarrdurues

одраз повеќе

мн. одрази
Вид збор: Именка, машки род
Одразена слика на нешто во некоја мазна површина (огледало, стакло, вода).
Англиски: reflection Албански: reflektim, pasqyrim

озрачи повеќе

озрачат
Вид збор: Глагол, свршен
Изложи на зрачење.
Англиски: irradiate Албански: rrezatoj

ом повеќе

мн. омови
Вид збор: Именка, машки род
Единица за мерење на електричен отпор.
Англиски: ohm

опалесценција повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Ширење на светлината, предизвикано од мали честици, распрскани во прозрачна средина.
Англиски: opalescence Албански: opalescencë

опна повеќе

мн. опни
Вид збор: Именка, женски род
Тенка, еластична кожичка или плочка што служи за пренеcување на звучните вибрации или за одделување на две средини.
Англиски: membrane Албански: membranë

оптика повеќе

мн. оптики
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Дел од физиката што се занимава со проучување на светлината и нејзините својства.
Англиски: optics Албански: optika

оптичар повеќе

мн. оптичари
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за оптика.
Англиски: optician Албански: syzabërës, opticinet

осцилатор повеќе

мн. осцилатори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат што произведува осцилаторни движења.
Англиски: oscillator Албански: oshilator, luhatës

осцилаторен повеќе

осцилаторни
Вид збор: Придавка
Треперлив, што се ниша.
Англиски: oscillating

осцилација повеќе

мн. осцилации
Вид збор: Именка, женски род
Периодично движење на двете страни, периодично менување на состојбата; треперење, нишање, клатење.
Англиски: oscillation Албански: oscilim, luhatje

отпор повеќе

мн. отпори
Вид збор: Именка, машки род
Спротивставување на телото на силите кои дејствуваат врз него.
Англиски: resistance Албански: rezistencë
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ