Физика - категорија

ласер повеќе

мн. ласери
Вид збор: Именка, машки род
Светлосен извор со кој од електромагнетната енергија се создава засилен сноп светлина со голема густина на енергијата, што има разорна сила.
Англиски: laser Албански: lazer

леќа повеќе

мн. леќи
Вид збор: Именка, женски род
Проѕирно парче стакло, кварц или друг материјал со две криви или со една рамна и една крива површина што има својство да ја прекршива светлината, а се користи за изработка на различни оптички инструменти.
Англиски: lens Албански: thjerrëz

луминисценција повеќе

мн. луминисценции
Вид збор: Именка, женски род
Својство на тела што емитуваат светлина кога се изложени на дејство на зраци без да бидат самите загреани.
Англиски: luminescence Албански: luniniscencë
а - б - в - г - д - е - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ