Физика - категорија

калорија повеќе

мн. калории
Вид збор: Именка, женски род
Стара единица за количество топлина, енергија еднаква на потребната топлина 1 грам вода да се загрее на 1 степен Целзиусов.
Англиски: calorie Албански: kalori

калориметар повеќе

мн. калориметри
Вид збор: Именка, машки род
Направа за мерење на количество развиена, апсорбирана или пренесена топлина.
Англиски: calorimeter Албански: kalorimetër

капацитет повеќе

мн. капацитети
Вид збор: Именка, машки род
Способност нешто да се направи, да се оствари; сила, моќ, јачина (на поединец, на институција, фабрика).
Англиски: capacity Албански: kapacitet, fuqi
Способност на некое тело во себе да собира, да прима електрицитет, топлина, влага и сл.
Англиски: capacity Албански: kapacitet

капиларен повеќе

капиларниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на капилар и на капиларност.
Англиски: capillary Албански: kapilare

капиларност повеќе

(едн.) капиларноста
Вид збор: Именка, женски род
Подигање или спуштање на нивото на течноста во многу тесни цевки.
Англиски: capillarity Албански: kapilarizëm

катода повеќе

мн. катоди
Вид збор: Именка, женски род
Електрода сврзана со негативен пол на извор на елекрична струја.
Англиски: cathode Албански: katodë

квант повеќе

мн. кванти
Вид збор: Именка, машки род
Количество енергија што се јавува или зрачи при промена на состојбата на составните делови на материјата.
Англиски: quantum Албански: kuant, sasi

квантен повеќе

квантниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на квант.
Албански: kuante
Квантна теорија, физичка теорија од почетокот на дваесеттиот век, која ја проучува структурата на материјата во под-атомско ниво.
Англиски: quantum Албански: kuante

кварк повеќе

мн. кваркови
Вид збор: Именка, машки род
Вид елементарни честички.
Англиски: quark Албански: kuark

келвин повеќе

мн. келвини
Вид збор: Именка, машки род
Единица за мерење температура. Основна единица во меѓународниот систем (SI) на мерни единици. (симбол: K)
Латински: K Англиски: kelvin

киловат повеќе

мн. киловати
Вид збор: Именка, машки род
Мерна единица за електрична сила од 1000 вати.
Англиски: kilowatt Албански: kilovat

киловолт повеќе

мн. киловолти
Вид збор: Именка, машки род
Мерна единица за електричен напон од 1000 волти.
Англиски: kilovolt Албански: kilovolt

килограм повеќе

мн. килограми
Вид збор: Именка, машки род
Мерна единица за тежина од 1000 грама.
Англиски: kilogram Албански: kilogram

кинематика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од теориската механика, што го проучува движењето без оглед на причините кои го предизвикуваат тоа движење.
Англиски: kinematics

клатно повеќе

мн. клатна
Вид збор: Именка, среден род
Тег што виси и се ниша (на пример кај ѕиден часовник).
Англиски: pendulum Албански: lavjerës

климатологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за изучување на климата.
Англиски: climatology

коефициент повеќе

мн. коефициенти
Вид збор: Именка, машки род
Величина што определува некакво својство на физичко тело или појава.
Англиски: coefficient Албански: koeficinet

компресија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Намалување на обемот (на пареа, воздух, гас) заради зголемување на притисокот.
Англиски: compression Албански: kompresion, shtypje

кондензат повеќе

мн. кондензати
Вид збор: Именка, машки род
Кондензирана материја; производ на кондензација.
Англиски: condensate Албански: kondenzat

кондензатор повеќе

мн. кондензатори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за кондензација на пареа и на гасови.
Англиски: condenser Албански: kondensator

кондензација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Претворање на пареата и на гасовите во течност.
Англиски: condensation Албански: kondensim

конзистенција повеќе

(едн.) конзистенцијата
Вид збор: Именка, женски род
Степен на густина, на цврстина.
Англиски: consistency Албански: konsistencë

коњ повеќе

мн. коњи
Вид збор: Именка, машки род
коњска сила
Англиски: horsepower Албански: kalë-fuqi

коњски повеќе

коњскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на коњска сила - практична единица за мерење моќност која не спаѓа во меѓународниот систем на мерни единици.
Англиски: horse power Албански: kalëfuqi

кристалографија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за структурата и за формите на кристалите.
Англиски: crystallography Албански: kristalografi

кумулус повеќе

мн. кумулуси
Вид збор: Именка, машки род
Средно-висок заоблен облак.
Англиски: cumulus Албански: pirg
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ