Физика - категорија

изотерма повеќе

мн. изотерми
Вид збор: Именка, женски род
Црти што на географска карта ги спојуваат местата со иста температура.
Англиски: isotherm Албански: izoterm

изотермичен повеќе

изотермичниот
Вид збор: Придавка
Што има еднаква или постојана температура.
Англиски: isothermic

изотермички повеќе

Види и: изотерма (ж.)
изотермичка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на изотерма.
Англиски: isothermal Албански: izotermike

имплозија повеќе

мн. имплозии
Вид збор: Именка, женски род
Процес обратен на експлозијата.
Англиски: implosion

импулс повеќе

мн. импулси
Вид збор: Именка, машки род
Производ од силата и времето во кое таа сила дејствувала.
Англиски: impulse Албански: impuls

инверзија повеќе

мн. инверзии
Вид збор: Именка, женски род
Во метеорологијата - појава кога температурите на пониските места, во котлините се пониски одошто на повисоките, на планинските падини, додека обично е обратно.
Англиски: inversion Албански: inverzion

индикатор повеќе

мн. индикатори
Вид збор: Именка, машки род
Материјали кои под дејство на некое нуклеарно зрачење стануваат радиоактивни.
Англиски: indicator Албански: indikatorë

индукција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Добивање електрична струја со помош на магнет.
Англиски: induction Албански: induksion

индуцира повеќе

Види и: дедуцира (св. и несв.)
индуцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Произведе струја со вртење метален проводник во магнетно поле.
Англиски: induce

инерција повеќе

(едн.) инерцијата
Вид збор: Именка, женски род
Својство на телото да ја задржи својата состојба на мирување или на рамномерно праволиниско движење.
Англиски: inertia Албански: inercion

интерференција повеќе

мн. интерференции
Вид збор: Именка, женски род
Попречување на радио-сигнал предизвикано од мешање на други бранови.
Англиски: interference Албански: interferencë

инфлуенција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Појава кога некое ненаелектризирано тело ќе се наелектризира со негово внесување во полето на некое наелектризирано тело, а штом ќе се оддалечи од тоа поле, електрицитетот наполно исчезнува.
Англиски: influence Албански: influencë
Својство на железото да станува магнетно во поле на магнет, но го губи магнетизмот штом ќе се оддалечи од магнетното поле.
Англиски: influence Албански: influencë

инфразвук повеќе

мн. инфразвуци
Вид збор: Именка, машки род
Звучни бранови чијашто честота на треперење е толку мала што не може да го прими човековото уво.
Англиски: infrasound Албански: infrazë

инфрацрвен повеќе

инфрацрвениот
Вид збор: Придавка
Во составот: инфрацрвени зраци - дел од светлосниот спектар што е невидлив за човековото око.
Англиски: infrared Албански: infrakuqe
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ