Физика - категорија

галванизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Појава на електрицитет што настанува при допир на некои метали (според името на пронаоѓачот Луиџи Галвани).
Англиски: galvanism Албански: galvanizëm

галванизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Покривање на површината на некој метал со слој на друг метал со помош на галвански електрицитет.
Англиски: galvanization Албански: galvanizim

галванизира повеќе

галванизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Покрива со слој на метал со помош на галвански електрицитет.
Англиски: galvanize Албански: galvanizoj

галванометар повеќе

мн. галванометри
Вид збор: Именка, машки род
Направа за мерење на јачината на галванската струја.
Англиски: galvanometer Албански: galvanometër

галванопластика повеќе

мн. галванопластики
Вид збор: Именка, женски род
Изработка на отпечатоци во метал по пат на електролиза.
Англиски: galvanoplasty Албански: galvanoplastikë

галваноскоп повеќе

мн. галваноскопи
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за идентификување на галванска струја.
Англиски: galvanoscope Албански: galvanoskop

галванотипија повеќе

мн. галванотипии
Вид збор: Именка, женски род
галванопластика
Англиски: galvanoplasty Албански: galvanotipi

галон повеќе

мн. галони
Вид збор: Именка, машки род
Англиска мерка за течност.
Англиски: galon Албански: gallon

гас повеќе

гасот
Вид збор: Именка, машки род
Воздушесто тело чии честици се стремат да го исполнат сиот слободен простор.
Англиски: gas Албански: gaz

геофизика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за физичките особини и процеси на Земјата и во неа.
Англиски: geophysics Албански: gjeofizikë

гигават повеќе

мн. гигавати
Вид збор: Именка, машки род
една милијарда вати
Англиски: gigawatt

гравитација повеќе

(едн.) гравитацијата
Вид збор: Именка, женски род
Својство на меѓусебно привлекување на телата.
Англиски: gravitation Албански: gravitacion

гравитира повеќе

гравитираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Од силата на гравитацијата е привлекуван кон некоја точка или тело.
Англиски: gravitate Албански: graviton

градус повеќе

мн. градуси
Вид збор: Именка, машки род
Единица за мерење на температура, степен на термометарот.
Англиски: degree Албански: gradë

грам повеќе

мн. грамови
Вид збор: Именка, машки род
Основна единица за мерење на тежина, илјадити дел од килограм.
Англиски: gram Албански: gram

густ повеќе

густи
Вид збор: Придавка
За течност, гас, воздух - што е од материја чии честици се збиени.
Англиски: dense Албански: i dendur
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ