Физика - категорија

аеродинамика повеќе

(едн.) аеродинамиката
Вид збор: Именка, женски род
Дел од динамиката што ги проучува силите што настануваат со струење на воздухот (или воопшто на гасовите) и нивното дејство врз телата што се изложени на нив.
Англиски: aerodynamic

аерометар повеќе

мн. аерометри
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за мерење густина и тежина на воздухот.
Англиски: aerometer

акумулатор повеќе

мн. акумулатори
Вид збор: Именка, машки род
Систем преку кој се врши трансформација на хемиската во електрична енергија, генератор на еднонасочна струја.
Англиски: accumulator

акустика повеќе

(едн.) акустиката
Вид збор: Именка, женски род
Наука за звукот.
Англиски: acoustic

акцелератор повеќе

мн. акцелератори
Вид збор: Именка, машки род
Забрзувач, уред за забрзување на наелектризираните честички до саканата брзина.

акцелерација повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Забрзување.

акција повеќе

мн. акции; акцијата; акциите
Вид збор: Именка, женски род
Движечка сила.
Англиски: force Албански: aksion

ампер повеќе

мн. ампери
Вид збор: Именка, машки род
Единица за мерење на јачината на електричната струја.
Англиски: ampere

амперметар повеќе

мн. амперметри
Вид збор: Именка, машки род
Инструмент за мерење на јачината на електричната струја.

амплитуда повеќе

мн. амплитуди
Вид збор: Именка, женски род
Најголема оддалеченост од положбата на рамнотежа при нишање, најголема вредност што ја достигнува некоја величина што е подложена на периодични промени.
Англиски: amplitude

анода повеќе

мн. аноди
Вид збор: Именка, женски род
Позитивна електрода.
Англиски: anode

аноден повеќе

анодниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на анода.

атом повеќе

мн. атоми
Вид збор: Именка, машки род
Најмал дел од еден елемент што го задржува неговиот хемиски идентитет, составен од јадро и од електрони.
Англиски: atom

атомски повеќе

Види и: атом (м.)
атомска; атомскиот, атомската, атомското; атомските
Вид збор: Придавка
Што е во врска со атом.
Англиски: nuclear
а - б - в - г - д - е - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч