Туризам - категорија

палатка повеќе

мн. палатки
Вид збор: Именка, женски род
шатор
Англиски: tent
Примери:
Наоколу се белееја на утринското сонце неколку палатки.

пансион повеќе

мн. пансиони
Вид збор: Именка, машки род
Куќа, објект што нуди полна услуга (сместување и храна).
Англиски: boarding-house Француски: pension Албански: pansion
Стан и храна, цена за стан и храна.
Англиски: board Француски: pension Албански: pansion

патник повеќе

мн. патници
Вид збор: Именка, машки род
Патници во воз, на брод итн.
Англиски: traveller Албански: udhëtar
Примери:
(разг.) Трговски патник.

патописен повеќе

патописни
Вид збор: Придавка
Што е во врска со патопис.
Примери:
Патописни белешки.

патување повеќе

мн. патувања
Вид збор: Именка, среден род
патува
Англиски: journey Албански: udhëtim
Примери:
(разг) Свадбено патување.

педалинка повеќе

мн. педалинки
Вид збор: Именка, женски род
Чамец за рекреација што се движи со педали.
Англиски: pedal boat

пиколо повеќе

мн. пиколи
Вид збор: Именка, среден род
Помагач на келнерот во ресторан, кафеана, хотел.
Англиски: boy waiter Албански: pikolo, ndihmës kamarieri

плажа повеќе

мн. плажи
Вид збор: Именка, женски род
Место за капење (на река, езеро, море).
Англиски: beach Албански: plazh

послуга повеќе

(едн.) послугата
Вид збор: Именка, женски род
Персонал што послужува во хотел, куќа и сл.
Англиски: staff Албански: shërbim, stafi shërbyes

почивалиште повеќе

мн. почивалишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се почива.
Англиски: vacation home Албански: pushimore

пребукира повеќе

Види и: букира (св. и несв.)
пребукираат
Вид збор: Глагол, свршен
Промени букирање, букира одново.
Англиски: re-book Албански: ndryshoj rezervimin
Букира премногу.
Англиски: overbook Албански: rezervoj tepër

пребукиран повеќе

Види и: пребукира (св.)
пребукирани
Вид збор: Придавка
Што е одново букиран, одново резервиран.
Англиски: rebooked
Што е премногу букиран, што нема повеќе место за букирање.
Англиски: overbooked

преноќевалиште повеќе

мн. преноќевалишта
Вид збор: Именка, среден род
Ноќен одмор, ноќевање.
Англиски: overnight stay Албански: bujtje, kaloj natën

преноќи повеќе

преноќат
Вид збор: Глагол, свршен
Ја преспие ноќта.
Англиски: sleep over Албански: buj, kaloj natën

преноќиште повеќе

Види и: преноќевалиште (ср.)
мн. преноќишта
Вид збор: Именка, среден род
преноќевалиште
Англиски: accommodation

претсезона повеќе

Види и: сезона (ж.)
претсезоната
Вид збор: Именка, женски род
Сезона пред главната сезона.
Англиски: low season

примус повеќе

мн. примуси
Вид збор: Именка, машки род
Лесно пренослива направа за готвење на шпиритус или на друго погодно гориво.
Англиски: spirit stove
а - б - в - г - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ч - ш