Туризам - категорија

казино повеќе

мн. казина
Вид збор: Именка, среден род
Објект, просторија за забава.
Англиски: casino Албански: kazino

каита повеќе

мн. каити
Вид збор: Именка, женски род
Кабина на брод.
Англиски: cabin

камп повеќе

мн. кампови
Вид збор: Именка, машки род
Уредено место cо шатори или мали, дрвени куќички за сместување и одмор на туристи.
Англиски: camping site Албански: kamp

кампер повеќе

мн. кампери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е сместен, што логорува во камп.
Англиски: camper

кампинг повеќе

Види и: камп (м.)
мн. кампинзи
Вид збор: Именка, машки род
камп
Англиски: camping

кампира повеќе

Види и: кампува (св. и несв.)
кампираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
кампува
Англиски: camp

кампува повеќе

кампуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Логорува, привремено живее во шатор, на отворено, во природа.
Англиски: camp

капалиште повеќе

мн. капалишта
Вид збор: Именка, среден род
Место во природа (на река, езеро, море) каде што се капе.
Англиски: bathing beach

кафеана повеќе

мн. кафеани
Вид збор: Именка, женски род
Локал каде што се пие и се јаде.
Англиски: tavern Турски: kahvehane Албански: tavern, kafene

кафетерија повеќе

мн. кафетерии
Вид збор: Именка, женски род
Посебен тип ресторан во кој јадењето се добива со самопослужување, а се служи само кафе.
Англиски: cafeteria

конак повеќе

мн. конаци
Вид збор: Именка, машки род
место за ноќевање и одмор
Англиски: accommodation Албански: konak, bujtinë

Конго повеќе

Вид збор: Име
Држава во Африка, поранешен Заир.
Англиски: Congo

крстарење повеќе

мн. крстарења
Вид збор: Именка, среден род
Туристичко патување со брод.
Англиски: cruise

крстари повеќе

крстарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Патува со брод од пристаниште до пристаниште како турист.
Англиски: cruise

крстосување повеќе

Види и: крстоса (св.)
мн. крстосувања
Вид збор: Именка, среден род
Туристичко патување со брод со запирање во разни пристаништа.
Англиски: cruise

купе повеќе

мн. купеа
Вид збор: Именка, среден род
Затворен оддел со седишта во вагон.
Англиски: compartment Албански: kabinë, kupe

кушет повеќе

мн. кушети
Вид збор: Именка, машки род
Кревет во железничко купе, каде што седиштата се приспособени за спиење.
Англиски: sleeping car Француски: couchette
а - б - в - г - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ч - ш