Транспорт - категорија

такси повеќе

таксито
Вид збор: Именка, среден род
наемен автомобил
Англиски: taxi

таксист повеќе

мн. таксисти
Вид збор: Именка, машки род
Возач на такси.
Англиски: taxi driver
Примери:
Скопските таксисти протестираат против високите цени на горивата.

тендер повеќе

мн. тендери
Вид збор: Именка, машки род
Посебен вагон за вода и јаглен, прикачен непосредно за локомотивата.
Англиски: tender Албански: tender

терминал повеќе

мн. терминали
Вид збор: Именка, машки род
Зграда за пристигнување и заминување на патници со авион.
Англиски: terminal Албански: terminal

товар повеќе

мн. товари
Вид збор: Именка, машки род
Стока или друго нешто натоварено на товарно животно, на превозно средство и сл.
Англиски: load Албански: pesh, ngarkesë
Примери:
Симне товар од коњ, магаре, кола, брод итн.
Како мерка - определена количина од нешто, колку што се товари обично на едно животно.
Англиски: load Албански: ngarkesë, peshë
Примери:
Пет товари дрва.

товарен повеќе

товарни
Вид збор: Придавка
Во врска со товар.
Англиски: transport
Примери:
Товарно животно, добиче.
Што е за товарење.
Англиски: transport
Примери:
товарно возило

тонажа повеќе

(едн.) тонажата
Вид збор: Именка, женски род
Зафатнината на внатрешните простории на бродот, изразена во тони.
Англиски: tonnage Албански: tonazhë
Носивоста на брод, вагон, камион, измерена во тони.
Англиски: tonnage Албански: tonazhë

траект повеќе

мн. траекти
Вид збор: Именка, машки род
Брод за превоз на патници и автомобили.
Англиски: ferry

трамвај повеќе

мн. трамваи
Вид збор: Именка, машки род
Шинско возило што се употребува за јавен градски сообраќај.
Англиски: streetcar Турски: tramvay

трамвајски повеќе

трамвајска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на трамвај.
Примери:
трамвајска пруга

трамвајџија повеќе

мн. трамвајџии
Вид збор: Именка, машки род
Работник во трамвај, обично возачот.

транзит повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Превоз на стока или патници од една земја во друга низ земја што лежи меѓу нив.
Англиски: transit Албански: tranzit, kalim
Превезување на товари до местото на истоварувањето без попатно претоварување.
Англиски: transportation Албански: transportim

трансверзала повеќе

мн. трансверзали
Вид збор: Именка, женски род
Правец што сече други два правца.
Англиски: transversal
Пат, автопат што сече и поврзува други патишта.
Англиски: highway

трансверзален повеќе

трансверзална
Вид збор: Придавка
Напречен, пресечен - оној што пресекува.
Англиски: transversal

транспорт повеќе

(едн.) транспортот
Вид збор: Именка, машки род
Превозни средства и уреди за превоз на товари, патници и др.
Англиски: transportation Албански: transport
Партија доставени или наменети за превоз товари.
Англиски: freight Албански: transportim
Воопшто превоз, пренесување, испраќање.
Англиски: shipment Албански: ngarkim

транспортер повеќе

мн. транспортери
Вид збор: Именка, машки род
Лице или компанија што транспортира.
Англиски: transporter
Примери:
блокада за патнички возила од страна на македонските транспортери

транспортира повеќе

транспортираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши транспорт, превоз, испраќа со транспорт.
Англиски: transport

трансфер повеќе

мн. трансфери
Вид збор: Именка, машки род
транспорт
Англиски: transfer Албански: transferim
Примери:
Трансфер со автобус од аеродром до хотелот.

трејлер повеќе

мн. трејлери
Вид збор: Именка, машки род
приколка
Англиски: trailer Албански: rimorkio

трицикл повеќе

мн. трицикли
Вид збор: Именка, машки род
Велосипед со три тркала.
Англиски: tricycle

тролејбус повеќе

мн. тролејбуси
Вид збор: Именка, машки род
електричен автобус

тролејбуски повеќе

тролејбуска
Вид збор: Придавка
Што се однесува или е во врска со тролејбус.
Примери:
тролејбуска карта
а - б - в - г - д - е - ж - з - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш