Транспорт - категорија

палета повеќе

мн. палети
Вид збор: Именка, женски род
Транспортна подлога за складирање и пренос на стока.
Англиски: pallet Француски: palette Албански: paletë

пампур повеќе

мн. пампури
Вид збор: Именка, машки род
воз (на пареа)
Англиски: train Албански: tren, pampur
пароброд
Англиски: steamer Албански: vapor

парк повеќе

мн. паркови
Вид збор: Именка, машки род
Превозни средства од ист вид со кои располага една земја, град, индустриска гранка, претпријатие.
Англиски: fleet Албански: park automjetësh
Примери:
Автомобилски парк.

паркинг повеќе

Види и: паркиралиште (ср.)
мн. паркинзи
Вид збор: Именка, машки род
паркиралиште
Англиски: parking lot

паркиралиште повеќе

мн. паркиралишта
Вид збор: Именка, среден род
Простор уреден за паркирање повеќе возила.
Англиски: parking lot

паркирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Ранжирање на автомобил.
Англиски: parking

паркирач повеќе

мн. паркирачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што паркира.
Англиски: parker

перон повеќе

мн. перони
Вид збор: Именка, машки род
Издигната долга површина крај шини на железничката станица за качување и симнување на патници.
Англиски: platform Германски: Perron Албански: peron, platformë
Долга покриена површина на дел од автобуска станица за качување и симнување на патници.
Англиски: platform Германски: Perron Албански: platformë, peron

пикап повеќе

мн. пикапи
Вид збор: Именка, машки род
Камион за превој на мал товар (обично отворен).
Англиски: pickup

пилотира повеќе

пилотираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Управува авион.
Англиски: pilot Албански: pilotoj
Управува кораб на определен сектор.
Англиски: pilot Албански: pilotoj

писта повеќе

мн. писти
Вид збор: Именка, женски род
Дел од аеродром, каде што излетуваат и слетуваат авиони.
Англиски: runway Албански: pistë

платформа повеќе

мн. платформи
Вид збор: Именка, женски род
Издигнато место покрај пругата на железничка станица, за патници и товари.
Англиски: platform Албански: platformë
Слободен простор кај вагон, трамвај.
Англиски: platform Албански: platformë

пливање повеќе

Види и: плива (несв.)
пливањето
Вид збор: Именка, среден род
пловење
Англиски: sailing Албански: lundrim

плик повеќе

мн. пликови
Вид збор: Именка, машки род
Хартија превиткана и залепена со капак, да може да се стави во неа друга хартија, пари, писмо и сл.
Англиски: envelope Албански: pliko, zarf

пловидба повеќе

мн. пловидби
Вид збор: Именка, женски род
Пловење на бродови.
Англиски: shipping
Примери:
Морска, речна, долга, прекуокеанска, крајбрежна пловидба.

повратен повеќе

повратниот
Вид збор: Придавка
Што служи за враќање (во превоз, патување).
Англиски: back and forth

подвоз повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Транспорт на стоки и др.
Англиски: transportation
Трошоци за превоз на стоки.
Англиски: freight charges

поморство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
морепловство
Англиски: seafaring

посада повеќе

мн. посади
Вид збор: Именка, женски род
Екипаж на брод, авион.
Англиски: crew Албански: ekuipazh

постојка повеќе

мн. постојки
Вид збор: Именка, женски род
патна станица
Англиски: bus stop

праг повеќе

мн. прагови
Вид збор: Именка, машки род
Дрвена греда што служи како подлога и ги држи железничките или трамвајските шини.
Англиски: tie Албански: traversë

пратка повеќе

мн. пратки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што се праќа, што е испратено некому (писмо, пакет, пари).
Англиски: shipment

преброди повеќе

пребродат
Вид збор: Глагол, свршен
Преминува преку вода (со помош на пловен објект).
Англиски: ferry over Албански: kaloj lumin me mjet lundrues

превезе повеќе

превезат
Вид збор: Глагол, свршен
Превезе некого или нешто од едно место на друго со помош на превозно средство.
Англиски: transport Албански: transportoj

превоз повеќе

(едн.) превозот
Вид збор: Именка, машки род
Пренесување, транспорт на патници или стока со помош на превозно средство.
Англиски: transportation Албански: mbartje, transport

превозен повеќе

Види и: превоз (м.)
провозни
Вид збор: Придавка
Што служи за превоз, што се однесува на превоз.
Англиски: transportational

превозлив повеќе

превозливиот
Вид збор: Придавка
Што може да се превезе, да се транспортира.
Англиски: transportable

превозник повеќе

мн. превозници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што превезува, што врши превоз на патници и стока.
Англиски: carrier

превојница повеќе

мн. превојници
Вид збор: Именка, женски род
Постројка меѓу две брани со различен водостој преку која минуваат пловни објекти.
Англиски: lock

прекуокеански повеќе

прекуокеанскиот
Вид збор: Придавка
Што е преку океанот; што е за пловење преку океанот.
Англиски: transoceanic

преседне повеќе

преседнат
Вид збор: Глагол, свршен
Смени превозно средство (воз, авион, овтобус) на попатна станица

пресечка повеќе

мн. пресечки
Вид збор: Именка, женски род
Пократок пат што сврзува други патишта.
Англиски: short cut

претовар повеќе

мн. претовари
Вид збор: Именка, машки род
Преместување на товар од едно место на друго.
Англиски: reload

претоварен повеќе

претоварени
Вид збор: Придавка
Што служи за претовар.

приколка повеќе

мн. приколки
Вид збор: Именка, женски род
Превозно средство без сопствен моторен погон што се закачува за друго моторно возило.
Англиски: trailer

пристаниште повеќе

мн. пристаништа
Вид збор: Именка, среден род
Посебо уредено место на река, езеро, море каде што застануваат, се закотвуваат пловни објекти и каде што се врашат работите поврзани со водниот сообраќај.
Англиски: harbour, haven Албански: port, liman

пристаништен повеќе

пристаништниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пристаниште.

прометен повеќе

проментни
Вид збор: Придавка
Што е раздвижен.
Албански: qarkullueshëm
а - б - в - г - д - е - ж - з - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш