Транспорт - категорија

вагон повеќе

мн. вагони
Вид збор: Именка, машки род
железничка кола
Англиски: waggon Албански: vagon

вагонетка повеќе

мн. вагонетки
Вид збор: Именка, женски род
Мал вагон за превоз на градежен материјал, руда и сл.
Англиски: carriage

велосипед повеќе

мн. велосипеди
Вид збор: Именка, машки род
Превозно средство на две тркала што возачот го движи со нозете.
Англиски: bicycle

велосипедист повеќе

мн. велосипедисти
Вид збор: Именка, машки род
Возач на велосипед.
Англиски: cyclist

велосипедски повеќе

велосипедски
Вид збор: Придавка
Во врска со велосипед.
Англиски: bicycle

веспа повеќе

мн. веспи
Вид збор: Именка, женски род
Вид мал, лесен мотоцикл.

виљушкар повеќе

мн. виљушкари
Вид збор: Именка, машки род
Возило што служи за кревање и пренос на товар во магацини.
Англиски: forklift

вовче повеќе

мн. вовчиња
Вид збор: Именка, среден род
воз
Англиски: train Албански: trenush

воз повеќе

мн. возови
Вид збор: Именка, машки род
Низа од железнички коли, вагони што ги влече локомотива.
Англиски: train

возар повеќе

мн. возари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што вози, превозува, што работи со запрежно возило.
Англиски: carter

возарина повеќе

мн. возарини
Вид збор: Именка, женски род
Такса што се плаќа за превоз.
Англиски: transportation tax Албански: taksë udhëtimi

возач повеќе

мн. возачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што вози, што управува моторно или други возила.
Англиски: driver Албански: shofer, vozitës

возачки повеќе

возачка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на возач.
Англиски: drivers
Примери:
возачка дозвола

воздухопловен повеќе

воздухопловниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на воздухопловство.
Примери:
Воздухопловна академија.

возен повеќе

возни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на возење, на превоз.
Англиски: transportation

возило повеќе

мн. возила
Вид збор: Именка, среден род
Превозно средство за возење по копно.
Англиски: vehicle Албански: automjet
а - б - в - г - д - е - ж - з - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш