Технологија - категорија

фаза повеќе

мн. фази
Вид збор: Именка, женски род
Одделна група намотки на генератор а исто така и спроводникот што ја предава електричната енергија.
Англиски: phase Албански: fazë
Примери:
Мотор со три фази.

факс повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Машина за испраќање и примање на копии на документи.
Англиски: fax

фар повеќе

мн. фарови
Вид збор: Именка, машки род
Рефлектор на возило.
Англиски: floodlight Албански: far, dritë makine

фасонка повеќе

мн. фасонки
Вид збор: Именка, женски род
Направа во која се поставува грлото на електрична сијалица.
Англиски: socket Германски: Fassung

федер повеќе

мн. федери
Вид збор: Именка, машки род
пружина
Англиски: spring Германски: Feder
Примери:
Федерот на часовникот.

фелна повеќе

мн. фелни
Вид збор: Именка, женски род
Дел од тркалото врз кој се монтираат гумите.
Англиски: rim Германски: Felge

фен повеќе

фенот
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за сушење коса.
Англиски: hair drier Германски: Föhn

филм повеќе

мн. филмови
Вид збор: Именка, машки род
Тенок слој, скрама, од нешто врз некоја површина.
Англиски: coating Албански: shtresë

фирнајс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Маслена или смолеста течност со која се мачкаат разни предмети за да се заштитат од влага и воздух.
Англиски: varnish

фонографија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Снимање на звукот заради негова репродукција.
Англиски: phonography

фотоволтаика повеќе

(едн.) фотоволтаиката
Вид збор: Именка, женски род
Технологија за директно претворање на сончевата во електрична енергија.
Англиски: photovoltaics Албански: fotovoltaike

фотоќелија повеќе

мн. фотоќелии
Вид збор: Именка, женски род
Направа што ја претвара светлината во електрична струја.
Англиски: photocell

фреза повеќе

Види и: фрезмашина (ж.)
мн. фрези
Вид збор: Именка, женски род
фрезмашина
Англиски: milling machine Германски: Fräse

фрезмашина повеќе

мн. фрезмашини
Вид збор: Именка, женски род
Машина за режење со многу запци.
Англиски: milling machine Германски: Fräse
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш