Технологија - категорија

радар повеќе

мн. радари
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за откривање на местото на некој објект во пространството со помош на радиобранови.
Англиски: radar

радарски повеќе

Види и: радар (м.)
радарска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на радар.
Примери:
радарска станица

радијатор повеќе

мн. радијатори
Вид збор: Именка, машки род
Уред за загревање простории, составен од поврзани, вертикални метални ребра низ кои протекува топла вода или пареа.
Англиски: radiator Албански: radiator
Кај мотори - уред за ладење на цилиндрите, ладилник.
Англиски: radiator Албански: radiator

радио повеќе

Вид збор: Префикс
Прв составен дел на некои сложенки со значење: кој се однесува на радио-апарат, радиоиндустрија и др.
Англиски: radio Албански: radio
Примери:
радио-апарат

радио повеќе

мн. радија
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Средство за безжично пренесување на сигнали и звуци.
Англиски: radio Албански: radio
Примери:
Радиото дава красни можности за запознавање на народите.
радиоапарат, радиоприемник
Англиски: radio Албански: radio
Примери:
Купија ново радио.
радиостаница
Англиски: radio station Албански: radiostacion
Примери:
Синоќа слушавме радио.

радиоапарат повеќе

Види и: радиоприемник (м.)
мн. радиоапарати
Вид збор: Именка, машки род
радиоприемник
Англиски: radio set

радиоврска повеќе

мн. радиоврски
Вид збор: Именка, женски род
Врска помеѓу две оддалечени места преку радиостаници; апаратура за примање и засилување на радиосигнал.
Англиски: radio connection

радиодифузија повеќе

мн. радиодифузии
Вид збор: Именка, женски род
Планска распределба на мрежата на радиостаниците на извесна територија.
Англиски: broadcasting Албански: transmetim, radiodifuzion

радиоемисија повеќе

мн. радиоемисии
Вид збор: Именка, женски род
Пренесување програма по радио.
Англиски: broadcast

радиокасетофон повеќе

мн. радиокасетофони
Вид збор: Именка, машки род
Радиоапарат со уред за репродуцирање на аудио касети.
Англиски: cassette radio

радиолокатор повеќе

мн. радиолокатори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за откривање различни објекти со помош на радиолокација.
Англиски: radio locator

радиолокација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Откривање на објекти со помош на кратки радиобранови, преку радар.
Англиски: radio location

радиомикрофон повеќе

мн. радиомикрофони
Вид збор: Именка, машки род
Микрофон што се употребува во радиодифузија.
Англиски: microphone
Примери:
Никако не можевме да разбереме како е можно да застане човек пред радиомикрофон и да рече тогаш и тогаш јас убив луѓе.

радиопредавател повеќе

мн. радиопредаватели
Вид збор: Именка, машки род
Систем од апарати и уреди за произведување и предавање радиобранови.
Англиски: radio station

радиоприемник повеќе

мн. радиоприемници
Вид збор: Именка, машки род
радиоапарат
Англиски: radio set

радиосигнал повеќе

мн. радиосигнали
Вид збор: Именка, машки род
Сигнал што се пренесува со помош на радиобранови.
Англиски: radio signal

радио-телевизија повеќе

мн. радио-телевизии
Вид збор: Именка, женски род
Безжично пренесување сигнали, звуци и слики (по радио и телевизија) на голема оддалеченост со помош на електромагнетни бранови.
Англиски: television

радиотелефон повеќе

мн. радиотелефони
Вид збор: Именка, машки род
Апаратура за двонасочен пренос на говор преку радиоврска.

радиотелефонија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Безжично предавање и примање гласови и говор преку радиостаници.

радиотелефонски повеќе

радиотелефонскиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на радиотелефон и радиотелефонија.

радиотехника повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Технологија што ги проучува и применува методите и средствата за пренесување на гласови, слики на поголеми далечини.

радиотехничар повеќе

мн. радиотехничари
Вид збор: Именка, машки род
специјалист по радиотехника

радиотехнички повеќе

радиотехничкиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на радиотехника.

радиофинира повеќе

радиофинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Оствари, остварува радиофикација.

радиофицира повеќе

радиофицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изгради, гради, мрежа за радиостаници; инсталира апаратура за радиоврска.

развивач повеќе

развивачот
Вид збор: Именка, машки род
Во инженерството, лице што развива нови работи.
Англиски: developer
Примери:
веб развивач

развинти повеќе

развинтат
Вид збор: Глагол, свршен
Развие нешто завинтено, разврти.
Англиски: screw off
Примери:
Ја развинти бомбата.

разводен повеќе

разводна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на развод.
Англиски: dispatch
Примери:
Разводна табла.

разводник повеќе

мн. разводници
Вид збор: Именка, машки род
На парна машина или друг вид машина.
Англиски: dispatcher Албански: dispeçer

разглас повеќе

мн. разгласи
Вид збор: Именка, машки род
Разгласна станица преку која се даваат соопштенија.
Англиски: intercom

ракавец повеќе

мн. ракавци
Вид збор: Именка, машки род
Долгнавест, валчест дел од машина.

расцепка повеќе

мн. расцепки
Вид збор: Именка, женски род
Машински дел кој се употребува за да се спречи одвртувањето на навртките или на завртките.
Англиски: splint

раткапна повеќе

мн. раткапни
Вид збор: Именка, женски род
Метална или пластична покривка на автомобилските тркала.
Англиски: hub cap Германски: Radkappe

рафинерија повеќе

мн. рафинерии
Вид збор: Именка, женски род
Фабрика за прочистување на петрол, шеќер и сл.
Англиски: refinery Албански: rafineri
Примери:
Рафинерија за нафта.

реактивен повеќе

реактивна
Вид збор: Придавка
Кој се движи со реактив.
Англиски: reactive
Примери:
Реактивен мотор, авион.

реактор повеќе

мн. реактори
Вид збор: Именка, машки род
Постројка во која доаѓа до реакција.
Англиски: reactor
Примери:
атомски реактор, нуклеарен реактор

ребро повеќе

мн. ребра
Вид збор: Именка, среден род
Дел од моторот (цилиндар).

регенерат повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Искористен материјал на кој му се повратени својствата.

регенератор повеќе

мн. регенератори
Вид збор: Именка, машки род
Дел од регенеративна печка што служи за нагревање на воздухот што влегува во печката.
Албански: regjenerator

регенерација повеќе

регенерацијата
Вид збор: Именка, женски род
Претворање со помошта на определени операции на изработените продукти на производството во почетни продукти на процесот.
Англиски: recycling Албански: regjenerim, reciklim

регистар повеќе

мн. регистри
Вид збор: Именка, машки род
Регулатор во некои машини и уреди; ред букви и клавиши на машина за пишување.
Англиски: register Албански: regjistrator

реглер повеќе

мн. реглери
Вид збор: Именка, машки род
Регулатор на напонот на струја во моторот.
Англиски: controller Германски: Regler

регулатор повеќе

мн. регулатори
Вид збор: Именка, машки род
Устројство за регулирање на работата на некаков механизам.
Англиски: control Албански: rregullator
Примери:
Регулатор на брзината, температурата.

редуктор повеќе

мн. редуктори
Вид збор: Именка, машки род
Механизам што ја намалува брзината на вртежите при пренос на вртежно движење; намалувач, менувач на брзина, што овозможува намалување на вртењата.
Англиски: reductor

редундантен повеќе

редундантни
Вид збор: Придавка
Што служи како резерва во случај на проблем.
Англиски: redundant

редунданција повеќе

мн. редунданции
Вид збор: Именка, женски род
резерва
Англиски: redundancy

резач повеќе

мн. резачи
Вид збор: Именка, машки род
Алат за режење.
Албански: prerëse

резачка повеќе

мн. резачки
Вид збор: Именка, женски род
Уред за режење.

резонанција повеќе

мн. резонанции
Вид збор: Именка, женски род
Стремеж на системот да осцилира со поголема амплитуда на точно определена фреквенција.
Англиски: resonance Албански: rezonancë

релаксатор повеќе

мн. релаксатори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат кој вибрира и овозможува опуштање на мускулите.
Англиски: relaxator

реле повеќе

Види и: релеј (м.)
Вид збор: Именка, среден род
релеј
Англиски: relay

релеен повеќе

релејни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на релеј.
Англиски: transmission
Примери:
Релејна радиостаница.

релеј повеќе

мн. релеи
Вид збор: Именка, машки род
Автоматска справа што ги извршува потребните приклучоци и прекини во електричните водови на силната струја.
Англиски: relay
Телекомуникациски предавател што овозможува емисија, емитување на радио-телевизиска програма.
Англиски: relay

ремонт повеќе

ремонтот
Вид збор: Именка, машки род
Поправање, обновување на машини, згради, опрема и сл.
Англиски: repair

рендгенографија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Снимање на внатрешните страни на непрозрачни предмети со помошта на рендгенски зраци.
Англиски: X-ray examination

реостат повеќе

мн. реостати
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за регулирање на електричната струја.
Англиски: rheostat

респондер повеќе

мн. респондери
Вид збор: Именка, машки род
Електронско помагало што овозможува да се провери знаењето на повеќе ученици во исто време.
Англиски: responder

ретровизор повеќе

мн. ретровизори
Вид збор: Именка, машки род
Автомобилско огледало за возачот да може да гледа назад.
Англиски: rearview mirror

рефракција повеќе

мн. рефракции
Вид збор: Именка, женски род
Промена на насоката на зрак светлина под определен агол кога накосо влегува од една средина во друга.
Англиски: refraction
Примери:
индекс на рефракција

рецептор повеќе

мн. рецептори
Вид збор: Именка, машки род
Дел од машина која прима сила од моторот постојано, непрекинливо.
Англиски: receptor

рикверц повеќе

Вид збор: Прилог
(движење на возило) наназад
Англиски: backwards Германски: rückwärts

рикордер повеќе

мн. рикордери
Вид збор: Именка, машки род
Апарат што снима телевизиски програми или репродуцира видеокасети, цедеа на екранот на телевизор
Англиски: recorder

робот повеќе

мн. роботи
Вид збор: Именка, машки род
Машина која самостојно исполнува сложени операции.
Англиски: robot Албански: robot

роботизација повеќе

(едн.) роботизацијата
Вид збор: Именка, женски род
Автоматизирање на производниот процес целосно или само на одделни фази со примена на робити.
Англиски: robotization

роботика повеќе

(едн.) роботиката
Вид збор: Именка, женски род
Научна дисциплина што ја проучува примената на роботите во производството, во стопанството и во други дејности.
Англиски: robotics

роначка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Машина за ронење.

ротација повеќе

мн. ротации
Вид збор: Именка, женски род
Видови машини чиишто делови со своето ротирање вршат работа (во земјоделството, во печатарството).
Англиски: rotation Албански: qarkullim

ротор повеќе

мн. ротори
Вид збор: Именка, машки род
Подвижен дел на машина: турбина, електричен двигател и сл.
Англиски: rotor

роторен повеќе

роторна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ротор.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш