Технологија - категорија

папуча повеќе

мн. папучи
Вид збор: Именка, женски род
Површина за качување на моторно возило.
Англиски: running board

перка повеќе

мн. перки
Вид збор: Именка, женски род
Лопатка на тркалото на воденицата.
Англиски: paddle Албански: pallë
пропелер, елиса
Англиски: propeller Албански: propeler, helikë
(на тркало) перки
Англиски: paddle-board Албански: pendë

перфоратор повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Апарат за правење дупчиња на хартија и др.
Англиски: puncher

перформанса повеќе

мн. перформанси
Вид збор: Именка, женски род
(во мн.) карактеристика на машина
Англиски: performance Албански: performansë

печка повеќе

мн. печки
Вид збор: Именка, женски род
Направа за топење руда и др.
Англиски: blast furnace Албански: furrë martin
Примери:
Висока печка.

пила повеќе

мн. пили
Вид збор: Именка, женски род
Челична направа во форма на диск со остри запци на работ за сечење дрво, метал, камен и сл.
Англиски: circular saw Албански: sharrë

пирометар повеќе

мн. пирометри
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за мерење високи температури.
Англиски: pyrometer

пиротехника повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од техниката што се занимава со производство ва експлозивни материи, ракети и др.
Англиски: pyrotechnics

пиротехничар повеќе

мн. пиротехничари
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по пиротехника.
Англиски: pyrotechnician

пламеник повеќе

мн. пламеници
Вид збор: Именка, машки род
Апарат што исфрла пламен.
Англиски: burner

плоча повеќе

мн. плочи
Вид збор: Именка, женски род
Кај грамофонот - поливинилски плоскати предмети од кои се репродуцира музика.
Англиски: disk Албански: pllakë

пневматик повеќе

мн. пневматици
Вид збор: Именка, машки род
Гумено тркало на возило, авион надуено со воздух.
Англиски: pneumatic

пневматичен повеќе

пневматична
Вид збор: Придавка
Што дејствува со згустен воздух.
Англиски: pneumatic

пневматички повеќе

Види и: пневматичен (прид.)
пневматичка
Вид збор: Придавка
Со помош на компримиран воздух.
Англиски: pneumatic

пневматски повеќе

пневматскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на воздух.
Англиски: pneumatic
Што е исполнет со воздух, што дејствува, содржи или функционира на компримиран воздух.
Англиски: pneumatic

побронзи повеќе

побронзат
Вид збор: Глагол, свршен
обложува со бронза
Англиски: brass

побуда повеќе

мн. побуди
Вид збор: Именка, женски род
Иницирање на активност со додавање на енергија.
Англиски: excitement Албански: eksitim
Примери:
Побуда од идеален струен извор.

погон повеќе

мн. погони
Вид збор: Именка, машки род
Сила што движи нешто.
Англиски: drive Албански: forcë lëvizëse
извор на сила
Англиски: fuel Албански: burim force

погонски повеќе

погонскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што е наменет, што припаѓа на погон.

подеси повеќе

подесат
Вид збор: Глагол, свршен
нагоди, намести, штелува
Англиски: adjust Српски: подесити

појачувач повеќе

мн. појачувачи
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за зајакнување на сигнали.
Англиски: amplifier Српски: појачиваћ

покажувач повеќе

мн. покажувачи
Вид збор: Именка, машки род
Апарат или дел од апарат што покажува.
Англиски: display Албански: akrep

полнач повеќе

мн. полначи
Вид збор: Именка, машки род
апарат за полнење
Англиски: charger

пониклен повеќе

пониклениот
Вид збор: Придавка
Што е обложен со никел.
Англиски: nickel plated

постројка повеќе

мн. постројки
Вид збор: Именка, женски род
Во индустријата - систем од поставени или вградени технички средства и апарати со определена намена.
Англиски: plant Албански: maqineri

потенциометар повеќе

мн. потенциометри
Вид збор: Именка, машки род
Отпорник што може да се дотерува; варијабилен отпорник.
Англиски: potentiometer

поцинкува повеќе

поцинкуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обложи со тенок слој цинк.
Англиски: galvanize

правосмукалка повеќе

Види и: правошмукалка (ж.)
мн. правосмукалки
Вид збор: Именка, женски род
правошмукалка
Англиски: vacuum cleaner

предавател повеќе

мн. предаватели
Вид збор: Именка, машки род
Апарат со кој се предаваат сигнали по безжичен пат.
Англиски: transmitter

предачка повеќе

мн. предачки
Вид збор: Именка, женски род
Машина за предење.
Албански: tjerrëse

предимензионира повеќе

предимензионираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Преувеличи, преувеличува, даде, дава поголем обем, интензитет, значење на нешто.
Англиски: oversize

прекин повеќе

мн. прекини
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што нешто се прекинало.
Англиски: interruption Албански: ndërprerje

прекинувач повеќе

мн. прекинувачи
Вид збор: Именка, машки род
Направа за вклучување и за исклучување на електричната струја.
Англиски: switch

преклопка повеќе

мн. преклопки
Вид збор: Именка, женски род
заклопка
Албански: kapak
Направа со која се вклучува или се исклучува електрична струја во струјното коло со повлекување подвижен дел (рачка).
Англиски: switch Албански: çelës drite

пренос повеќе

мн. преноси
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) Пренесување на движење од еден на друг дел од некој механизам.
Англиски: transmission Албански: transmetim

преса повеќе

мн. преси
Вид збор: Именка, женски род
Направа или машина за притискање, за цедење, гмечење и сл.
Англиски: press Албански: presë, shtypëse

пресек повеќе

мн. пресеци
Вид збор: Именка, машки род
Рамна површина по која е пресечен некаков предмет, реално или на цртеж.
Англиски: cut Албански: prerje

претпалење повеќе

(едн.) претпалењето
Вид збор: Именка, среден род
Состојба пред палење на смесата.
Англиски: preignition

пречка повеќе

мн. пречки
Вид збор: Именка, женски род
Нарушување на приемот на радиосигнали.
Англиски: disturbance Албански: çrregullim, pengesë

прием повеќе

мн. приеми
Вид збор: Именка, машки род
примање емисии
Англиски: reception Албански: pranim

приемник повеќе

мн. приемници
Вид збор: Именка, машки род
Апарат што прима радио или телевизиски сигнали, емисии.
Англиски: receiver

приклучница повеќе

мн. приклучници
Вид збор: Именка, женски род
конектор за електрична енергија
Англиски: wall socket

примопредавател повеќе

мн. примопредаватели
Вид збор: Именка, машки род
Радиостаница што прима и предава сигнали.
Англиски: repeater

прирабница повеќе

мн. прирабници
Вид збор: Именка, женски род
Прстенест дел на крајот на цевката што служи за спојување со друга цевка или за дихтување.
Англиски: flange

проектор повеќе

мн. проектори
Вид збор: Именка, машки род
Оптички апараѕ за пренесување зголемена слика на платно.
Англиски: projector

пронаоѓач повеќе

мн. пронаоѓачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што пронашол нешто ново што не постоело дотогаш.
Англиски: inventor

пропелер повеќе

мн. пропелери
Вид збор: Именка, машки род
Дрвена или метална направа која со вртење во воздух или во вода го движи бродот, авионот и сл.
Англиски: propeller
Примери:
Бродски пропелер.

противтежа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Тежина за неутрализација или како рамнотежа на друга.
Англиски: counterweight Албански: kundërpeshë

проточен повеќе

проточни
Вид збор: Придавка
Што се движи, што работи со помош на вода што тече.
Англиски: continuous-flow

профил повеќе

мн. профили
Вид збор: Именка, машки род
Назив за метални изработки; лимови, шини и др.
Англиски: profile Албански: profil

пруга повеќе

мн. пруги
Вид збор: Именка, женски род
Пат составен од две паралелни метални шини поставени врз прагови по кој се движи шинско возило; железничка линија.
Англиски: railway Албански: hekurudhë

пружина повеќе

мн. пружини
Вид збор: Именка, женски род
Еластична, метална направа, во различна форма, што се враќа во истата положба штом ќе престане дејството на сила, притисок врз неа.
Англиски: spring

пулсар повеќе

мн. пулсари
Вид збор: Именка, машки род
Неутронска ѕвезда која периодично емитира импулси на радиобранови.
Англиски: pulsar

пулт повеќе

мн. пултови
Вид збор: Именка, машки род
Место од каде што се управува со машина, уред и сл.
Англиски: control desk Германски: Pult Албански: pult

пумпа повеќе

мн. пумпи
Вид збор: Именка, женски род
Машина или механичка направа за движење или компримирање на течност или гас.
Англиски: pump Албански: pompë
Примери:
Пумпа хидрофор.

пумпа повеќе

пумпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Црпе течност со пумпа.
Англиски: pump Албански: pumpoj
Примери:
Пумпа вода од реката.
Дува, компримира воздух со пумпа.
Англиски: pump Албански: pumpoj, fryj
Примери:
Ги пумпа гумите.

пумпен повеќе

пумпниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пумпа.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш