Технологија - категорија

обод повеќе

мн. ободи
Вид збор: Именка, машки род
Дел од тркалото врз кој се монтираат гумите.
Англиски: rim Српски: обод

обратно повеќе

Вид збор: Прилог
Bо спротивен правец од досегашниот.
Англиски: reverse
Примери:
Го заврти тркалото обратно.

одбојник повеќе

мн. одбојници
Вид збор: Именка, машки род
Најиздадениот преден и заден дел од автомобил што служи за заштита при удар.
Англиски: bumper Албански: parakolp
Предмет, преграда, пречка покрај пат за одбивање при евентуален удар, пад и сл.
Англиски: bumper Албански: parakolp

одвинти повеќе

одвинтат
Вид збор: Глагол, свршен
Отвори, одврти нешто стегнато со винт.
Англиски: screw off Албански: shpërdredh, çvidhos

озвучување повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Музичка опрема за снимање, емитирање и пренос на звук.
Англиски: audio-equipment Албански: audio pajisje

октан повеќе

мн. октани
Вид збор: Именка, машки род
Единица за квалитетот на бензинот.
Англиски: octane

оптика повеќе

мн. оптики
Вид збор: Именка, женски род
Оптички направи за подобрување на видот или за гледање во далечина (двоглед, телескоп, перископ и др.).
Англиски: optics Албански: pajisje optike

осигурувач повеќе

мн. осигурувачи
Вид збор: Именка, машки род
Заштитна направа, предмет што осигурува некакво движење или некаква операција, што се вградува во апарати, делови од апарати, механизми итн.
Англиски: safety device Албански: siguresë
Елемент од електрична инсталација што во случај на зголемена јачина на струјата, краток спој или преоптоварување автоматски го прекинува струјното коло.
Англиски: fuse Албански: siguresë

оска повеќе

мн. оски
Вид збор: Именка, женски род
Машински елемент со цилиндричен облик кој ги носи деловите што се вртат (колца, делови од машини, од механизми и сл.
Англиски: axle Албански: bosht, aks

осцилатор повеќе

мн. осцилатори
Вид збор: Именка, машки род
Направа за претворање на енергијата од еден вид во друг, на пример кинетичка во потенцијална.
Англиски: oscillator Албански: oshilator

ото-мотор повеќе

мн. ото-мотори
Вид збор: Именка, машки род
Мотор со внатрешно согорување.
Англиски: Otto engine

отпепелување повеќе

(едн.) отпепелувањето
Вид збор: Именка, среден род
Отстранување на пепелта.
Албански: menjanimi i hirit

отпорник повеќе

мн. отпорници
Вид збор: Именка, машки род
Спроводник со одреден степен на отпор.
Англиски: resistor Албански: rezistor

отчита повеќе

отчитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прочита податоци од мерен инструмент.
Англиски: read Албански: lexoj
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш